Quantcast
Channel: Православна Охридска Архиепископија
Viewing all 979 articles
Browse latest View live

На празникот Цветници Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

09.04.2017

На празникот Цветници, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


Велики Понеделник: на прекрасниот Јосиф

$
0
0

Денес, на светиот и велики понеделник, се сеќаваме на блажениот Јосиф, прекрасниот; се сеќаваме и, на од Господа проколнатата, исушена смоква.

Од денешниот ден почнуваат светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, а пред тоа, како на Негов праобраз, се сеќаваме на прекрасниот Јосиф. Јосиф беше син на патријархот Јаков, син којшто му го роди Рахила. Омразен од своите браќа, заради некои сновиденија, Јосиф прво бива фрлен, од нив, во длабока јама, за потоа браќата, со крвавата облека, да го мамат татка си, дека Јосифа го растргнале ѕверовите. Потем, за триесет сребреници Јосиф бива продаден на Исмаилќаните, коишто повторно го препродаваат на Петефриј, управникот на евнусите кај египетскиот цар – фараонот. Кога фараоновата госпоѓа безумно се нафрлила на целомудрениот младич Јосиф, тој, несакајќи да направи безаконие, побегнал, оставајќи ја својата наметка. Таа го наклеветила пред господарот, и Јосиф бива фрлен во окови и мрачен затвор. Потоа, поради толкувањето на соништата го изведуваат од затворот, го претставуваат пред царот, и Јосиф постанува господар на сета египетска земја. На крајот, при продавањето на пченицата, им се открива на своите браќа и благочестиво проживувајќи го целиот живот, умира во Египет, бивајќи сметан, покрај другите доблести, и за голем во целомудреноста.

Тој е праобраз на Христа, бидејќи и Христос страда од Неговите соплеменици, ученикот го продава за триесет сребреници, го фрлаат во темна, мрачна јама - во гроб, од кадешто самовласно станувајќи, се зацари над Египет, т.е. над секој грев, и целосно победувајќи го, владее над целиот свет и според човекољубието нè искупува со таинственото давање пченица (леб), предавајќи се Самиот Себеси за нас и хранејќи нè со лебот небесен – Своето животоносно Тело. Од тие причини, сега се спомнува прекрасниот Јосиф.

Заедно со тоа се сеќаваме и на исушената смоква од светото Евангелие, бидејќи божествените Евангелисти, токму Матеј и Марко, говорат за тоа веднаш после спомнувањето на гранчињата.

Таинственото толкување на Исидор Пелусиот е дека смоквата е дрвото на непослушанието, чиишто листови престапниците ги употребиле за покривање. Причината за споредбата на гревот со смоквата е очигледен, бидејќи и гревот дава пријатно задоволство - гревовна наслада, но потоа доаѓа - горчината на совеста. Всушност, отците тука го ставаат расказот за смоквата заради умиление, како и расказот за Јосиф - бидејќи е праобраз на Христа.

(Неплодна) смоква е секоја душа на којашто ѝ е туѓ секој духовен плод, којашто Господ наутро, т.е. после овој живот, не наоѓајќи се Себе во неа, ја исушува со клетва и ја фрла во оган вечен - и таа постанува како некаков исушен столб, којшто ги застрашува оние, коишто не донесуваат плодови достојни на доблести.

По молитвите на прекрасниот Јосиф, Христе Боже, помилуј нè. Амин.

Велики Вторник: на мудрите девојки

$
0
0

На светиот и велики вторник правиме спомен на евангелската приказна за десетте девојки.

Господ наш Исус Христос им говореше вакви приказни на своите ученици, додека влегуваше во Јерусалим, пред своето страдање. Со приказната за десетте девојки, Господ поттикнува на милост, и воедно ги поучува сите луѓе подготвено да го дочекаат крајот.

Петте девојки, Он ги нарекува мудри, затоа што тие на девственоста ѝ го придодадоа обилното и скапоцено масло на милоста, а другите пет, ги нарекува неразумни, затоа што немале соодветна милост, иако и нив, исто така, ги одликувала девственост. Тие се луди, затоа што исполнувајќи го поголемото, го пренебрегнале помалото, та затоа, по ништо не се разликуваат од блудниците: блудниците ги победило телото, а нив - имотот.

Кога проаѓаше ноќта на овој живот, сите тие девојки задремаа и заспаа, т.е. умреа, бидејќи тука под сон се подразбира смртта. А среде нивниот сон, на полноќ, настана викотница, се отворија вратите, и оние, коишто се беа снабдиле со изобилство масло - влегоа со женикот, а лудите, коишто не зедоа доволно масло, почнаа да бараат, тогаш кога се разбудија. Иако сакаа, мудрите не можеа да им дадат на неразумните, бидејќи беше време за самото влегување (во брачните одаи), и затоа им одговорија: да не би да не ни стигне и нам и вам, подобро одете кај продавачите, т.е. кај сиромашните и купете. И, покрај сè, лудите девојки, коишто беа дошле без светлина, извикуваат удирајќи по вратата: Господару, Господару! Отвори ни. Но, Самиот Господ го изговара оној страшен одговор: Одете си, ви велам, не ве познавам. Како ќе го видите женикот, кога го немате виното на милоста?

Богоносните отци, значи, ја ставиле оваа приказна, за да нè поучат секогаш да бидеме будни и подготвени да го дочекаме вистинскиот Женик, со добри дела и првенствено со милост, бидејќи не го знаеме денот и часот на крајот, токму како што Јосиф, со својот пример, нè учи да здобиеме целомудреност, а смоквата - секогаш да донесуваме духовен плод.

Кој ќе го исполни едното, дури и поголемото, а второто, особено милоста, ја заборави, тој нема да влезе со Христа во вечната починка, туку посрамен ќе се врати назад, бидејќи нема ништо посрамно и пожално од девственоста, којашто е победена од страста кон богатството.

Женику Христе, здружи нè со мудрите девојки, придружи нè кон Твоето избрано стадо и помилуј нè. Амин.

Велика Среда: на помазувањето на Христа со скапоцено миро

$
0
0

На светата и велика среда, светите Отци заповедале да правиме спомен на жената блудница, којашто го помаза Господа со миро, бидејќи тоа се случило пред самите Спасителеви страдања.

Кога Господ дошол во Јерусалим и се ноаѓал во куќата на Симон лепрозниот, му пристапила жената блудница и на Неговата глава излила скапоцено миро.

Од кои побуди се раководела таа! Бидејќи забележала дека Христос е сочувствителен кон сите, и дружељубив, та особено сега, кога видела дека Он е влезен во куќата на лепрозниот, а законот налагал таквиот да се смета за нечист и одлачен од заедницата, таа заклучила дека Он, како што и Симоновата лепра, така ќе ја исцели и нејзината душевна болест. И, ете, додека Он вечерта седел на трпезата, таа излива на Неговата глава миро, вредно околу тристотини динари, т.е. шеесет асарии, десет пенези и три сребреници.

Учениците ја спречувале, особено Јуда Искариот, но Христос застанал во нејзина заштита, за тие да не ја спречат нејзината добра намера. Притоа го спомнал својот погреб, одвраќајќи го Јуда од предавството и удостојувајќи ја жената со чест, со тоа што насекаде низ светот ќе се проповеда за нејзиното добро дело.

Со духовно миро помазани, Христе Боже, ослободи нè од страстите, коишто навалуваат на нас и помилуј нè, бидејќи Си единствен благ и човекољубец. Амин.

На Велика среда Архиепископот Јован отслужи Литургија на претходноосветените дарови во манастирот Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

12.04.2017

Последната Литургија на претходноосветените дарови во страсната седмица, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован ја отслужи на Велика среда во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Велики Четврток: на Тајната Вечера

$
0
0

На светиот и велики четврток, светите Отци, коишто добро го уредија превземеното од светите Апостоли, од светите и божествени Евангелија, ни предадоа денес да празнуваме четири настани: светото миење на нозете на учениците, Тајната Вечера т.е. нам предавањето на страшните тајни, чудесната молитва и самото издавање.

Бидејќи јудејската пасха мораше да биде направена во петок, а бидејќи приличеше вистината да биде во согласност со праобразот, т.е. тогаш и Христос да биде принесен како Пасха за нас, Господ Исус Христос, по зборовите на светите Отци, ја направи Пасхата со учениците пред тоа, во четвртокот навечер. Таа вечер, и целиот петок Јудејците ја сметаат како еден ден. Тоа го направи за да не биде престапник на законот. Потоа покажувајќи им го на учениците направеното, им ја предаде тајната и на нашата Пасха, во големата горна одаја, кога веќе беше настапила ноќта. Гледате дека тоа не беше законска пасха: тука се седи, тука има вечера, леб и вода, а таму сè е печено на оган и бесквасно. Како што велат стиховите на Тајната Вечера: Двојна вечера се поставува: Пасха законита, и Пасха нова – Крвта и Телото Господови.

На Велики Четврток, Господ Исус Христос ја востанови светата Тајна Причест, со зборовите: „Земете, јадете, ова е Моето Тело“ и „Пијте од неа сите, ова е Крвта Моја на Новиот Завет, која за вас и за мнозина се излева, за отпуштање на гревовите“ (Мт. 26:26-28). Овие зборови можат да се слушнат на секоја Света Литургија, чијшто централен дел е Светата Причест.

Господ Исус Христос со миењето на нозете ги поучува учениците да не бараат старешинство. Миејќи им ги нозете, исто така, им покажа дека ќе се возвиси секој што себе си се понижува.

После вечерата се упатија на Маслиновата гора, во местото Гетсиманија, каде што, како што велат стиховите од богослужбата од лицето Христово течеше: пот како капки крв, и: со молитвата ги фаќаш непријателите за смртта навистина да ја уништиш.

Потоа Јуда, со војници и народ, му се приближи на Исуса Христа, го целива – со тоа давајќи им знак дека е тој. Тие го фатија и врзан го доведоа во дворот на првосвештеникот Ана, кадешто веќе се беа собрале обвинителите Христови: фарисеите и книжниците.

Ние, значи, празнуваме и со страв правиме спомен на тие страшни и неискажани настани и дела.

По неискажливата милост Твоја, Христе Боже наш, помилуј нè. Амин.

Окружно послание за Пасха 2017 од Патријархот Иринеј

$
0
0

Српска Православна Црква својој духовној деци о ВАСКРСУ 2017. године

ИРИНЕЈ

по милости Божјој

православни Архиепископ пећки, Митрополит београдско-карловачки и Патријарх српски, са свим Архијерејима Српске Православне Цркве – свештенству, монаштву и свим синовима и кћерима наше свете Цркве: благодат, милост и мир од Бога Оца, и Господа нашега Исуса Христа, и Духа Светога, уз радосни ВАСКРШЊИ поздрав:

ХРИСТОС ВАСКРСЕ!

Христос васкрсе из мртвих,
смрћу смрт поразивши
и онима који су у гробовима
живот даровавши

(тропар Пасхе).

Драга браћо и сестре,

Васкрс је највећи хришћански празник, празник вере, живота и сваког благослова Божјег. Сва наша вера је у Васкрсу и Васкрс у вери. Отуда свети апостол Павле, учитељ народа, кога слободно можемо назвати и највећим проповедником Васкрсења, Христовог и нашег, јасно каже: „Ако Христос не устаде, узалуд вера ваша“, а одмах потом додаје: „Али је Христос устао из мртвих, те постаде Првенац оних који су умрли“ (I Кор. 15, 17-20). Вера у Васкрсење Христово суштина је апостолске проповеди и учења, темељ Цркве, њеног богослужења и богословља.

У Светом Писму, како Старог тако и Новог Завета, Васкрсење је централна тема. О њему се говори у два међусобно повезана смисла: као свеопштем васкрсењу мртвих на крају људске историје (Ис. 26, 19) и Васкрсењу Христовом, предсказаном од старозаветних пророка (Пс. 15, 10), а утврђеном кроз проповед светих апостола (Дап. 2, 23-24).

Стари Завет нам на много места, својим језиком и прасликама, говори о васкрсењу. О њему сведочи пророк Давид у својим Псалмима (Пс. 15, 9; 16, 15). Многострадални Јов вапије Богу вером у васкрсење: „Знам да је жив мој Искупитељ и да ћу опет у овом телу видети Бога“ (Јов. 19, 25-27). Пророк Јона је праобраз тридневног Васкрсења Христовог (Мт. 12, 40). Најпознатија визија васкрсења мртвих у Старом Завету дата је у Књизи пророка Језекиља: он, надахнут Духом Божјим, види како оживљавају сухе кости и како се свака облачи у своје људско тело (Јез. 37, 1-10). То виђење је испуњавало срца свих верујућих Јудеја Старог Завета и било је неодвојиво од вере у долазак Месије и у Његово Васкрсење (Ис. 53, 10).

Нови Завет је, са друге стране, сав у тајни Крста и Васкрсења Христовог. То нам потврђују свети јеванђелисти потресним описом последњих догађаја из Христовог живота који су се збили у Јерусалиму: Његовог извођења на суд пред Пилата, Његовог Распећа, Његове смрти на крсту, али и Његовога славнога Васкрсења (Мт. 27-28; Лк. 23-24). Прве које су се удостојиле да постану сведоци Васкрсења Христовог биле су жене мироносице (Мк. 16, 1-2), а потом свети апостоли и пуноћа ране Цркве. Њима се придружују ранохришћански мученици и сви потоњи мученици и новомученици, истински сведоци Васкрсења Христовог, као и Оци Цркве, који нам кроз свете саборе, кроз никео-цариградски Символ вере и кроз своје догматско учење оставише веру у васкрсење. Црква је сведок да је Христос са нама у векове (Мт. 28, 20). Она то посебно сведочи светом Литургијом, која се врши у спомен „смрти и Васкрсења Христовог“. У светој Литургији нам се кроз свето Причешће дарује Васкрсли Христос. Зато будимо деца Васкрсења! Живимо Васкрсењем Христовим и не дозволимо да нас, по речима светог апостола Павла, ишта одвоји од љубави Његове (Рим. 8, 35)!

Велики руски старац, свети Серафим Саровски, током читаве године је све ходочаснике у свом манастиру поздрављао речима: „Христос васкрсе, радости моја!“ Да бисмо то духовно стање достигли, по речима светог владике Николаја „морамо својим животом целивати Распеће Христово, не ради обичаја већ као своје сопствено, и ране Његове као своје ране“.

Са тугом и болом у срцу морамо рећи да данашњи свет не иде путем васкрсења већ више путем смрти и безнађа. Када то кажемо, имамо на уму податак да и у Србији сваке године умире по један велики град због смртности много веће него што је рађање. Тај податак је разлог за плач и ридање, али и аларм за узбуну. Мора се нешто учинити да се тај пут смрти заустави. „Рахиља оплакује децу своју и неће се утешити, јер их нема“ (Мт. 2, 18). Чедоморство је свагда и свугде, па и у нашем народу, смртни грех који вапије небу. Престанимо убијати своју сопствену децу у утроби! И она имају право на живот и на васкрсење. Питамо се где су вајни „борци за људска права“ да заштите најслабије, а то су још нерођена деца у утроби својих мајки. Изиђимо, браћо и сестре, из земље греха и смрти, као старозаветни Израиљ из Египта, и Бог ће нас благословити сваким благословом духовним, да бисмо били Народ Бога Живога. Нека радосни плач новорођене деце надјача беспомоћне крике смрти! Нека Србија – и сав свет – поново постане велика Колевка! Вратимо се вери у живот, вратимо се Васкрсењу!

Драга браћо и сестре, света Православна Црква је наша духовна Мајка. Она брине о својој деци без обзира на то где она живе и распиње се са својим синовима и кћерима да би сви заједно достигли у Васкрсење. Радујмо се са радоснима и тугујмо са онима који тугују, носећи бремена једни других, јер ћемо тако испунити закон Христов (Гал. 6, 2)! Свети старац Софроније (Сахаров) каже да држање заповести Божјих разапиње у нама старог човека и васкрсава новога, сазданог по лику Бога, Творца и Спаситеља нашега. Свети Василије Велики такође, у истом духу, говори о преображавајућем значају поста и каже да анђели Божји записују имена оних који држе цео Велики пост јер се они тим постом одричу земаљског и пролазног да би задобили вечно и непролазно, а то је васкрсење. Држећи заповести Божје, ми изражавамо и потврђујемо своју љубав према Христу (Јн. 14, 15), али и према својим ближњима (Мт. 22, 40).

Данашњи свет је увелико прихватио другу философију, философију широког пута који води у пропаст (Мт. 7, 13). Хришћанске врлине покушавају се заменити привидним хуманизмом и лажном духовношћу Далеког Истока. Све лажне религије и парарелигије, философије и лажне философије, идеологије и модерне митологије и саме робују смрти и људска бића осуђују на смрт уколико верују да је човек „биће за смрт“, а не биће за живот вечни, поготову пак уколико подстичу људе на убиства и самоубиства, тренутна (у рату и у крвавим „мирнодопским“ обрачунима) или продужена (разузданим живљењем у сваком пороку, особито робовањем дроги). Живимо у времену када се зло покушава прогласити добром, а добро злом, грех пак, по речима светог старца Пајсија Светогорца, нечим модерним и прихватљивим. Омладини се уместо примера врлине и честитости нуде идоли и антихероји, непослушност родитељима и одбацивање сваког ауторитета. Велика је одговорност Цркве, али и свих просветних институција ове земље, јер треба помоћи омладини да пронађе пут аутентичног живота и васкрсења. Поучавајмо децу да буду слична јеванђелском младићу који је питао Господа: „Шта да радим да бих задобио живот вечни?“ А тај младић је од Христа добио одговор: „Држи заповести!“ Ето пута спасења, ето васкрсења!

Очински позивамо све оне који су се из неког разлога одвојили од Једне, Свете, Саборне и Апостолске Цркве да се врате у њено окриље. Страшан је грех раскола и јереси. По светим Оцима, ни мученичка крв га не може опрати. Опростимо једни другима ради Васкрсења и поново постанимо браћа у светој Цркви, јединој Лађи спасења!

Васкршњим поздравом поздрављамо сву нашу духовну децу у Отаџбини и расејању и молимо се да Васкрсли Господ свима дарује радост Васкрсења. Посебно поздрављамо наш народ на распетом Косову и Метохији, неодвојивом делу Србије, чије светиње су чувари не само српскога Православља него и хришћанства у Европи. Косово је било и остаће наше јер Бог није у сили него у правди и моћан је да нам врати оно што нам се на силу покушава одузети.

Нека са овим празником Васкрса васкрсне и Србија, и васцели српски род, како су говорили наши народни песници. Дај Боже да људи који воде и чувају државу буду надахнути духом Васкрсења и духом вере у победу добра над злом! Нека Васкрсли Господ, Победитељ смрти и Животодавац, дарује свако добро Своме Народу, што ће рећи свему роду хришћанском и православном, и свим људима добре воље, да би сви заједно предокусили радост будућег века, радост васкрсења и вечнога живота!

Христос васкрсе!

Ваши молитвеници пред Распетим и Васкрслим Господом

Архиепископ пећки, Митрополит београдско-карловачки и
Патријарх српски ИРИНЕЈ

Митрополит црногорско-приморски АМФИЛОХИЈЕ
Митрополит загребачко-љубљански ПОРФИРИЈЕ
Епископ шабачки ЛАВРЕНТИЈЕ
Епископ сремски ВАСИЛИЈЕ
Епископ бањалучки ЈЕФРЕМ
Епископ будимски ЛУКИЈАН
Епископ банатски НИКАНОР
Епископ новограчаничко-средњезападноамерички ЛОНГИН
Епископ канадски МИТРОФАН
Епископ бачки ИРИНЕЈ
Епископ британско-скандинавски ДОСИТЕJ
Епископ зворничко-тузлански ХРИЗОСТОМ
Епископ осечкопољски и барањски ЛУКИЈАН
Епископ западноевропски ЛУКА
Епископ жички ЈУСТИН
Епископ врањски ПАХОМИЈЕ
Епископ шумадијски ЈОВАН
Епископ браничевски ИГЊАТИЈЕ
Епископ далматински ФОТИЈЕ
Епископ бихаћко-петровачки АТАНАСИЈЕ
Епископ будимљанско-никшићки ЈОАНИКИЈЕ
Епископ захумско-херцеговачки ГРИГОРИЈЕ
Епископ ваљевски МИЛУТИН
Епископ рашко-призренски ТЕОДОСИЈЕ
Епископ западноамерички МАКСИМ
Епископ горњокарловачки ГЕРАСИМ
Епископ источноамерички ИРИНЕЈ
Епископ крушевачки ДАВИД
Епископ славонски ЈОВАН
Епископ аустријско-швајцарски АНДРЕЈ
Епископ франкфуртски и све Немачке СЕРГИЈЕ
Епископ тимочки ИЛАРИОН
Епископ аустралијско-новозеландски СИЛУАН

Викарни Епископ моравички АНТОНИЈЕ
Викарни Епископ топлички АРСЕНИЈЕ
Викарни Епископ диоклијски КИРИЛО

ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Архиепископ охридски и Митрополит скопски ЈОВАН
Епископ полошко-кумановски ЈОАКИМ
Епископ брегалнички МАРКО
Викарни епископ стобијски ДАВИД

На Велики четврток, Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

13.04.2017

На Велики четврток, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

По Литургијата изврши Маслосвет и со светиот елеј ги помаза присутните.


Article 0

$
0
0

Ј О В А Н

по милоста Божја, Архиепископ охридски и Митрополит скопски,
до целата полнота на нашата најсвета Архиепископија Охридска




Сними ја пораката

Благодат, милост и мир, од воскреснатиот во слава, Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос.

 

Браќа сослужители и чеда во Христа возљубени,

 

Од почетокот, па сè до крајот на животот, човекот гради скала на вредности кои му го насочуваат животот кон одредени цели. Една вредност од мноштвото на вредности што постојат или го има првото и највисоко место на таа скала, или доколку го зазема било кое друго место, речиси е исто како да не постои. Таа е вредноста на воскресението Христово. Човек или верува во воскресението Христово и преку него ги гради сите други вредности и односи во животот, или не верува и таа вредност е отсутна од неговиот живот. Сепак, по сè изгледа најмногубројни се оние што велат дека веруваат во Бога, но за воскресението Христово или изразуваат некаков сомнеж, или тоа кај нив не го зазема првото место на скалата на нивните животни вредности.

Тие, за жал никогаш нема да ги вкусат сите дарови на верата во воскресението Христово, од кој најважен е дарот на светлината. Ќе рече некој како нема неверниците или маловерните да го вкусат дарот на светлината кога доволно е човек само да не биде слеп, па да ја види светлината. Но, овде не станува збор за светлината од сонцето или другите светлосни тела. Говориме за Христовата светлина која постои пред секој друг извор на светлина и ќе остане и тогаш кога сите други извори на светлина ќе згаснат. Говориме за творечката светлина, онаа која ја створила и светлината на сонцето, ѕвездите и другите светлечки небесни тела, говориме за светлината која почна да твори светлина по изговорените Божји зборови: Нека биде светлина! (1Мој. 1,3)

Таа светлина им се раздава на верните денеска, на денот на Христовото воскресение, од моментот кога ќе чујат: „Пријдете примете светлина, од невечерната светлина”, па сè до отпустот на Литургијата во пасхалното утро. Таа светлина која денес ни се раздава, не е просто светлина пред очите и светлина во околината во која се наоѓаме. Таа е светлина како животна вредност, како смисла над секоја бесмисла, како цел и остварување.

За разлика од створената светлина која секој што има здрави очи ја гледа речиси со подеднаков интензитет, светлината на воскресението Христово некој не ја гледа воопшто, некој ја гледа само како зрак во темнината на животот, како единствена надеж која би можела да му го осмисли животот, но друг ја гледа како силно распламтен факел кој му го осветлува патот до вечноста. Оној што ја гледа светлината на Воскреснатиот како факел нема начин да му ја опише таа светлина на оној што е слеп за таа светлина. Многу слично како што не може да му се опише светлината од сонцето на човек кој е слеп од раѓање. Потребно е човек сам да ја види светлината за да ја познае нејзината добробит, како што е потребно со вера човек да се подготви за гледање на светлината на воскресението Христово, па да може и вистински да ја види.

Секое знаење во себе содржи и некое просветлување. Само просветлувањето кое се добива од верата во воскресението Христово во себе содржи знаење. Знаење кое не се учи само од читање на букви, туку се учи од искуство во заедницата со Воскреснатиот. А таквото знаење нè учи како да живееме, како да постапуваме во радоста и жалоста, како да се воздржуваме, како да се поднесуваме еден со друг, како да се надеваме и како да не се разочаруваме. Нè учи едноставно да имаме смисла на постоењето, трпеливост во сегашноста, а надеж кон иднината. Нè учи дека оној кој има вера во Христовото воскресение има надеж за последниот ден, надеж за вечен живот, сигурност дека сме откупени со смртта Христова.

Смртта Христова, љубени во Воскреснатиот, има сила да искупува, и тоа не било што, туку да искупува гревови. Тој пострада, за нас да нè искупи, та гревот, кој од памтивек е поврзан со смртта, веќе да нема сила над нас. Но, ние треба да учествуваме во Неговото страдање, во крстот и во Неговата смрт, за да имаме учество и во Неговото воскресение, кое станува наше воскресение преку верата и заедницата што ја остваруваме со Христа.

Нема воскресение без крст и страдање, па се лаже секој кој има намера да стигне до сопственото воскресение, без да помине преку крстот Христов. Велиме крстот Христов, не крстот сопствен, зашто сопствениот крст ќе го носиме во секој случај, верувале или не верувале во Бога. Но, Христовиот крст го земаме на себе свесно, доброволно и со вера дека ќе нè доведе до воскресение и живот вечен.

Неговиот крст го земаме тогаш кога се каеме и бараме прошка, но и тогаш кога им проштеваме на тие што ни згрешиле. Го земаме тогаш кога не му завидуваме на ближниот, кога не злопамтиме, кога се откажуваме од праведна одмазда, кога ги љубиме непријателите. Ова не го прави оној што го носи само сопствениот крст и само сопствените маки и страдања. Ова го прави само оној што го зел на себе Христовиот крст и има надеж во Неговото воскресение.

И нашата татковина денес е на крстопат на кој е доведена заради неуспешна политика на оние што се занимаваат со неа. Нема да заборавиме дека токму тие политичари кои ја доведоа нашата татковина во ваква мизерна состојба, претходниве години правеа сè да ја држат што е можно подолго на крст нашава Црква. Со Бога битката ја загубија, Црквата остана и опстана зашто таа не е од човек, но што ќе биде со нашата татковина? За жал, таа не е Црква и не ѝ е обезбедено со сигурност место во вечноста.

За долго да опстане, за ние да имаме полза од управувањето со неа, треба да имаме одговорни политичари, политичари што се подготвени да служат на граѓаните. Кај нас од оние што се занимаваат со политика ретко кој истата ја разбира како служба, туку како власт. За жал повеќето ја разбираат како власт во нејзината најгруба форма, да се владее апсолутистички, стекнувајќи од тоа своја лична добивка. Згора на тоа некои дури мислат дека власта ја добиле со тестамент од родителите, па имаат неотуѓиво право на неа.

Со таквото неодговорно владеење ја отуѓуваат татковината од сопствените граѓани. Колкумина само во последниве години си заминаа од државата? А сигурно не заминале затоа што овде ги имале сите услови на напредок? Заминале пред сè од револт кон погубната политика која нè раскара со сите соседи, без исклучок и нè остави како пуст остров на сред океан, без никој кој може да ни подаде рака во овие тешки моменти.

Имаме ли надеж од ваквата речиси безизлезна ситуација? Ние сме Црква и кај нас нема место за песимизам. Особено не на денот на Христовото воскресение кое раѓа оптимизам и во најдлабоките безизлези. Христос бивајќи Бог, постана човек, поживеа со луѓето, им ја остави својата блага реч, а тие го распнаа како да е најголем разбојник. Сепак со Него смртта се покажа немоќна. Не можеше да го задржи во гроб господарот на животот. Тој воскресна од мртвите, отворајќи го патот на секој човек кој има вера во воскресението и самиот да совоскресне со Христа. Верата во Воскреснатиот, љубени во Господа, не прави од нас само подобри битија во овој свет, туку прави вечнодобри битија, според зборовите на Свети Максим Исповедник.

 

Христос воскресе!

 

На Пасха 2017 година.

Ваш молитвеник пред воскреснатиот Христос
+Архиепископ охридски
и Митрополит скопски Јован

На службата на страдањата Христови Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

13.04.2017

На службата на страдањата Христови, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст.

Велики Петок: на Светите Христови Страдања

$
0
0

Во светиот и Велик Петок ги славиме светите, спасителни и страшни страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, коишто Он заради нас доброволно ги прими: плукањето, биењето, шлаканиците, навредувањата, исмејувањето, багреницата, трската, сунѓерот, оцетот, клинците, копјето и, на крајот – Крстот и смртта, а сето тоа се изврши во петок. Затоа, богоносните отци ни заповедаа да вршиме спомен на сè она што се збидна оној Петок, со скрушеност на срцето и со умиление.

Треба да се знае дека Господ беше распнат во шестиот ден, односно во петок, затоа што во почетокот човекот беше создаден во шестиот ден. И тоа што во шестиот час од денот Он висеше на Крстот, беше затоа што во тој час, како што велат, и Адам ги пружи рацете кон забранетото дрво, го допре и умре. Бидејќи требаше, во оној час кога бидна падот, во истиот час да биде и пресоздавањето.

Некои светители велат дека, според извесни преданија, на местото Голгота бил погребан од некој ангел самиот праотец Адам. А таму каде што е трупот, таму доаѓа и орелот – Христос, вечниот Цар, Новиот Адам, Кој стариот и паднатиот преку дрвото Адам, го исцелува со дрвото на крстот.

Со Твоето натприродно и за нас неизмерно милосрдие, Христе Боже, помилуј нè. Амин.

Article 3

$
0
0


ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!



Од: Информативната служба на Православната Охридска Архиепископија

На Првото Воскресение Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

15.04.2017

На Прво Воскресение, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Битола.

Прослава на Воскресението Христово во Православната Охридска Архиепископија

$
0
0

16.04.2017

Празникот на Воскресението Христово во Православната Охридска Архиепископија, и покрај судскиот прогон врз верска основа, кој сѐ уште трае, оваа година беше празнуван со особена радост. Припадниците на Православната Охридска Архиепископија и на овој голем празник, повторно усрдно се помолија и за сите оние, коишто ја гонат сеправославно признатата Православна Охридска Архиепископија.

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован за Пасха богослужеше во Ставропигијалниот манастир „Свети Јован Златоуст“, Битола.

Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким богослужеше во Куманово.

Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко богослужеше во Штип.

Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид богослужеше во Скопје.

Никогаш не заборавајќи, но токму заради Воскресението простувајќи им на оние што продолжуваат да креваат рака на Христа и Неговата Соборна Црква, верниот народ на Православната Охридска Архиепископија на овој празник на победата на животот над смртта, на овој празник на превреднување на вредностите, коешто никој веќе не ќе може да го запре, согласно на зборовите на Архиепископот охридски г.г. Јован, истовремено се помоли и за конечно враќање на непризнатата МПЦ во спасителното единство со Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква!

Христос Воскресна!

На Светол Понеделник Архиепископот Јован служеше во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Лагово – Прилеп

$
0
0

17.04.2017

На Светол Понеделник, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во манастирот Успение на Пресвета Богородица во с. Лагово – Прилеп.


На трет ден Велигден Архиепископот Јован служеше во параклисот Св. Нектариј Пентаполски во Скопје

$
0
0

18.04.2017

На третиот ден Велигден, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше во параклисот Св. Нектариј Пентаполски во Скопје. Нему му сослужаваше Епископот авдијски г. Кирил од лозата на Вселенската Патријаршија.

Епископот авдијски проповедаше по Евангелието и тој ги причести верните.

На крајот од Литургијата, Архиепископот Јован го претстави Епископот авдијски г. Кирил пред црковната полнота.

Епископот авдијски е професор на теолошкиот факултет во Атина и е еден од тројцата професори што го предложија Архиепископот Јован за почесен доктор на националниот каподистријски универзитет во Атина. Доделувањето на почесниот докторат закажано е за 16 Мај оваа година во Атина.

На празникот Живоприемен источник Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

21.04.2017

На празникот Животоприемен извор, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

На овој празник беше посветена една од црквите во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст што властите во Р. Македонија во Октомври 2004 година ја срушија до темел. Како што е добро познато, тоа тогаш го направи Бранко Црвенковски од позиција на претседател на Р. Македонија. Повеќе за ова види: http://www.poa-info.org/vesti/2004/10/20041015-2.html За тоа, пак, дали оние што рушат цркви од Бога добиваат за возврат благослов и добивка, или го наследуваат спротивното, историјата јасно сведочи.

На Томина недела Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

23.04.2017

На Томина недела, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Кој бил охридски архиепископ во време на погубувањето на Јован Владимир?

$
0
0

др. Јован (Вранишкоски), Архиепископ охридски и Митрополит скопски

Архиепископија охридска и Митрополија скопска

Вовед:

   Името на првиот охридски архиепископ по воспоставувањето на Охридската Архиепископија од автократорот Василиј II се знае со точност, но името на последниот бугарски патријарх што столувал во Охрид сè уште не е со сигурност утврдено. Следствено на тоа не може со сигурност да се тврди ниту кој бил патријарх, односно архиепископ во Охрид во времето кога подло е измамен и погубен Св. Јован Владимир. Овде ќе се обидеме врз основа на сите извори што ни се познати од тоа време да дадеме свое гледиште на таа дилема. Во продолжеток ќе се занимаваме и со прашањето каков еклисиолошки спор предизвикува селењето на бугарскиот патријарх што столувал во Дристра, пред паѓањето на Првото бугарско царство и неговото конечно населување во Охрид.

   Како архиепископ на Охридската Архиепископија го примаме за должност расветлувањето на вистината дали некој од нашите претходници свесно или несвесно учествувале во убиството на Св. Јован Владимир. Доколку учествувале, одговорноста треба да се прифати и да се бара прошка од Бога, а извинување од црковната полнота, зашто учествувањето на еден архиепископ во убиство, дури и ако е тоа несвесно ја соблазува целата Црква.

 

1.Постојат само неколку извори кои би можеле да ни помогнат во расветлувањето на дилемата кој бил охридски архиепископ во времето на погубувањето на Св. Јован Владимир и дали тој свесно учествувал во неговото убиство. Прво, каталогот на Бугарските архиепископи кој има наслов: Οἱ ἀρχιεπίσκοποι Βουλγαρίας и  датира од втората половина на 12-ти век. Тој каталог до сега има три изданија, најстарото е на Дјуканж, потоа на Лекиен и последното кое е веројатно најточно е на Гелцер.[1] Втор извор е хрониката на Јован Скилица со додатоците codex Vindobonesis LXXIV (Cod. Vindob. 74), што ја објави Прокиќ[2], а трет: повелбите на царот Василиј II издадени на првиот охридски архиепископ Јован.

   Во Дјуканжиевиот каталот на охридските архиепископи има четири архиепископи од последниот во Дристра, до првиот во Охрид. Првиот е Дамјан, во чие време бугарската архиепископија постана автокефална, а тој беше возведен во прв бугарски патријарх од царот Роман Лакапин. Герман, чие име е и Гаврил е вториот што столувал во Воден и Преспа. Трет е Филип, но тој е прв во Лихнида односно Охрид. Четврт е Јован, што од Василиј II е поставен за прв архиепископ охридски. После тоа, петтиот е Лав, но тој не е  Словен, туку е прв од Ромеите архиепископи, претходно хартофилакс на големата црква Св. Софија во Константинопол.

Во каталогот на охридските архиепископи кај Gelzer, како архиепископ охридски пред Јован е запишан Филип (Φίλιππος ἐν Λυχνίδῃ τῇ πάλαι μὲν Σασσαρίπῃ προσαγορευομένη, νῦν δὲ Ἀχρίδι).[3]    Освен во овој каталог никаде на друго место, ниту кај Скилица, ниту во повелбите на Василиј II не наоѓаме споменување на бугарски патријарх со име Филип.

Скилица, пак на следниов начин соопштува за учеството на охридскиот Архиепископ во убиството на Св. Јован Владимир: „И откако Гаврил (синот и преемникот на цар Самуил) бил убиен од Јован (Владислав), тој Јован (Владимир)  откако го прекршил договорот и поверувал на заклетвите од Јован (Владимир) дадени преку архиепископот на Бугарија Давид, му се предал и по малку бил убиен”.[4] Има и уште едно место кај Скилица каде зборува за архиепископот Давид, а тоа е кога раскажува за средбата меѓу охридскиот архиепископ и автократорот Василиј II, кога овој во 1018г. се приближил до Струмица, а кај него „дошол архиепископот на Бугарија Давид со писмо од Марија, жената на Јован (Владислав), која давала ветувања да се откаже од Бугарија, ако (тој автократорот) исполни некои (нејзини) цели”.[5] Во првиот цитат се споменува името на архиепископот Давид како учесник во случувањата со убиството на Св. Јован Владимир, а во вториот името на архиепископот Давид се споменува како оној кој го пресретнал Василиј II во Струмица со писмо од жената на Јован (Владислав). Но, името на архиепископ со име Давид воопшто не се споменува во Дјуканжиевиот каталог.

Архиепископот Давид се споменува еднаш во 1015/1016 година и вторпат во 1017/1018, значи нешто пред освојувањето на државата на Самуил од страна на Василиј II. Во таков случај, Давид би бил последниот бугарски патријарх и оној архиереј што учествувал во измамата за погубување на Св. Јован Владимир.

Јован како прв архиепископ охридски по востановувањето на Охридската Архиепископија се споменува во првата и во втората повелба издадени од Василиј II Бугароубиец. Во првата повелба издадена од Василиј II во 1019 г. се вели дека тој го потврдил најпобожниот монах Јован за архиепископ на Бугарија.[6] Меѓутоа, токму на истото место се вели дека Јован бил монах, не патријарх или архиепископ. Тоа јасно укажува дека Јован по изборот, односно назначувањето бил хиротонисан во архиерејски чин. Второто место каде се споменува Јован како архиепископ е во втората повелба на Василиј II издадена во 1020 г. каде се вели дека автократорот Василиј II го нашол (го затекнал) тогашниот архиепископ (Јован) во Охрид.[7] Втората повелба прави замешателство па не може со сигурност да се тврди дали Јован бил архиереј уште пред неговото назначување за архиепископ од Василиј II, или пак бил хиротонисан за архипископ откако бил назначен од автократорот. Оваа непознаница му дала мотив на Прокиќ да смета  дека Јован бил последниот бугарски патријарх чија титула со востановувањето на Охридската Архиепископија била променета во архиепископ.[8]

Како четврт извор се јавува Летописот на попот Дукљанин во кој исто така постои опис за настанот на измама и погубување на Св. Јован Владимир преку два епископи и еден калуѓер, но таму не им се споменуваат имињата.  Вака пишува попот Дукљанин: „Тада позове два епископа и једнога калуђера, па злоћудно изигравајући пред њима своју безазленост, даде им дрвени крст и упути их краљу. Кад су ови стигли, поздраве краља и даду му вјеру и крст. Примивши крст, краљ клекне и помоли се, па пошто је пољубио крст, стави га у њедра, а затим с малом пратњом оде к цару.”[9] Малку подолу попот Дукљанин вели: „Потом, док се краљ молио Богу, витезови га опколе. Кад краљ то примјети позове епископе и калуђера, који су се баш ту налазили, и рече им: Што се дешава господо моја? Што сте урадили? Чега ради сте ме тако обманули? Зашто верујући вашим ријечима и заклетвама, умирем без кривице? А они се од стида не усуђиваху поглдати га у очи. Тада краљ пошто се помолио, исповједио и примио тијело и крв Господа, а држећи у руци онај крст који је био добио од цара, рече: Молите се за мене, господо моја, а да умирем без кривице, нека овај часни крст, скупа са вама, буде мени свједок судњега дана. Затим пољуби крст, опрости се с епископима у миру и док су сви плакали, изиђе из цркве, а онда га пред црквеним вратима салетјеше  витезови. Глава му би одсјечена 22. маја. Доиста, епископи узму његово тијело и сахране га у истој цркви уз химне и похвале.”[10]

Како петти извор може да се смета и службата на Свети Јован Владимир составена на грчки јазик во чиј состав има две житија, опширно и кратко, но овој извор е од подоцнежен датум.[11] Само во краткото се споменува охридски архиепископ со име Никола[12]. Никола се споменува и во списокот „Ñò7³´è ? Áîëãà´ðñêàãî íàðîäà”, придодаден кон зографската бугарска историја, на 14-тото место, меѓу учениците на св. св. Методиј и Кирил и Иларион Мегленски.[13] Архиепископот Никола го нема во Дјуканжиевиот каталог на охридските архиепископи објавен од Gelzer. Снегаров смета дека архиепископот Никола веројатно бил запишан во некое словенско житие на Св. Јован Владимир што му претходело на грчкото житие, но дека тоа житие не е сочувано. Таквото житие, или барем пролог можно е да го имало во Охрид или во Зографскиот манастир.[14] Тоа пак, што името на Никола го нема во пространото житие на Св. Јован Владимир, а го има само во краткото, иако авторот и на едното, и на другото житие црпат податоци од ист извор, Снегаров го објаснува со различни концепции на житијата. Опширното житие, смета Снегаров, има за цел да ја истакне небесната красота на Св. Јован Владимир, и заради тоа авторот можел да испушти некои историски факти, додека краткото житие има за цел да прикаже кратка и јасна биографија на светителот, па авторот не можел да испушти  толку важен факт за моралниот живот на Св. Јован Владимир.

   Никола во житието е наречен архиепископ, а не патријарх. Снегаров смета дека тоа се должи на тоа што житието на Св. Јован Владимир најверојатно било напишано по паѓањето на Бугарија, кога првоерарсите веќе не се нарекувале патријарси, туку архиепископи. Но, кај Снегаров има една контрадикција. Во след на истото објаснување за тоа дека Никола бил патријарх во Охрид, тој  сепак констатира дека соопштението во краткото житие на Св. Јован Владимир за тоа дека тој бил воспитан од патријархот Никола е агиографски украс. Тоа го заклучува од фактот што нема никакви податоци дека Св. Јован Владимир пред да биде заробен од Самуил бил воспитуван во Охрид.[15]

Во 1906 г. Божидар Прокиќ ја издава виенската хроника на Јован Скилица со додатоците наречена codex Vindobonesis LXXIV (Cod. Vindob. 74), и таму, во дополнувањата направени од Михаил епископот Деволски во почетокот на 12-ти век, името на архиерејот Давид што се среќава кај Скилица поправено е со името Јован, кој всушнот бил и првиот архиепископ охридски.[16] Така, на местото каде се говори за договорот на Јован Владимир и Јован Владислав, наместо „преку архиепископот на Бугарија Давид” стои „преку архиепископот на Бугарија Јован”. Исто така, таму каде што се говори за договорот во Струмица, наместо „архиепископот на Бугарија Давид”, стои „архиепископот на Бугарија Јован”.[17] Прокиќ смета дека Михаил Деволски кој ја препишувал хрониката на Скилица во 1118 г. ги направил овие промени, меѓутоа, Златарски се спротивставува на тоа и смета дека не било можно во таа година да се направат тие промени туку направени се кон крајот на XII или XIII век. Ваквото гледиште го заснова на §57 од Cod. Vindob. 74, каде се вели дека: „Царот (Василиј) го утврдил повторно бугарското епископство за автокефално, како некогаш и при старецот Роман (Лакапин), откако се уверил од повелбите на царот Јустинијан дека тоа е Прва Јустинијана, која нему му беше татковина негова, која тогаш го имала епископот Кастелион.”[18] Деволскиот епископ Михаил не можел да го внесе тој додаток зашто во тоа време сè уште не била појавена идејата за поистоветување на Охридската Архиепископија со Прва Јустинијана. Поправките според Златарски најрано можеле да бидат направени во средината на XII век, зашто според материјалните документи нема сознанија дека некој се потпишал како архиепископ на Прва Јустинијана пред Јован Комнен (1143-1160) кој во 1156 г. се потпишал како: „смирен монах Јован и по Божјата милост архиепископ на Прва Јустинијана и цела Бугарија Комнен”.[19] Тоа значи дека поправките ги направил самиот препишувач на хрониката и тоа повлиаен од тогаш веќе познатиот каталог на бугарските архиепископи. Но, и покрај ова, многу е тешко да се разбере и да се докаже зошто препишувачот го заменил името на архиепископот Давид со името Јован.[20]

   Ете,  главно, тоа се податоците што ги црпиме од познатите извори што говорат за тој период.

 

   2. Горенаведените изворни податоци биле причина да се појават различни мислења за тоа кој бил архиепископ охридски во 1016 година кога е убиен Св. Јован Владимир. Се јавуваат три имиња на архиепископи: Давид, Никола и Јован. Давид и Никола ги нема во дјуканжиевиот каталог на охридските архиепископи. Никола го нема во ниту еден друг извор освен во краткото житие на Св. Јован Владимир за кое немаме никаква потврда дека настанало пред XIV век, а, многу е веројатно и многу подоцна. Според Скилица – Кедрин, несомнено е дека името на архиепископот е Давид. Според додатокот на хрониката на Скилица од Михаил Деволски, несомено е дека името Давид е поправено во Јован. Тоа му дало повод на Захарија вон Лигентал да смета дека истовремено постоеле два патријарси, Давид и Јован.[21] Таквата претпоставка нема никаква материјална поткрепа и би можела најлесно да биде отфрлена. Неа ја отфрла и Голубински и тврди дека Давид и Јован патријархувале еден по друг, и тоа Давид до паѓањето на Бугарското царство, а Јован  веднаш по неговото паѓање.[22] Доказ за тоа е она што го пишува во првата грамота на Василиј II дека Јован пред да биде поставен за архиепископ бил монах.[23]

Според Златарски, а тоа го прифаќа и Снегаров, последен патријарх во Првото бугарско царство бил Давид. Ако се суди според неговото учество во интригите на царот Јован Владислав, тука пред сѐ Снегаров мисли на неговото учество во подлата измама на Самуиловиот зет Јован Владимир, може да се допушти дека тој бил поставен од Јован Владислав и тоа откако овој го узурпирал престолот во 1015 г.[24]

Прокиќ пак, кој го испитувал додатокот на хрониката на Скилица дошол до заклучок дека Филип бил првиот патријарх што бил претстоител од 990-1015 г. односно до смртта на Гаврил Радомир, а негов непосреден наследник бил Јован од крајот на 1015 г. или почетокот на 1016 г.[25] Мислењето дека помеѓу патријархот Филип и архиепископот Јован немало друг патријарх со име Давид, Прокиќ го основа на двете гореспоменати места од повелбите на Василиј II, како и на каталогот на Бугарските архиепископи во кој го нема името на Давид. Тој ги споредува местата кај Скилица и попот Дукљанин што говорат за измамата на кралот Јован Владимир од страна на царот Јован Владислав направена преку неговите делегати епископи од Охридската Архиепископија, па заклучува дека Скилица го опишува убиството на Јован Владимир многу кратко, додека поп Дукљнин многу поопширно. Кај попот Дукљнин има многу легендарни примеси што можат лесно да се распознаат, меѓутоа двете раскажувања се согласни меѓу себе, смета Прокиќ. Па така извлекува заклучок дека и Скилица, и попот Дукљнин го црпеле материјалот за историјата од ист извор. Во тој заеднички извор, најверојатно бил означен не само бројот туку и имињата на делегатите на Јован Владислав. Прокиќ претпоставува дека во тој извор како и во летописот на поп Дукљнин пишувало дека биле  тројца делегати,  двајца епископи и еден калуѓер, а дека од тие  двајца епископи, едниот бил патријархот Јован, а другиот епископот Давид. Бидејќи Скилица ги скратувал податоците на своите извори, Прокиќ смета дека тој несомнено го скратил и ова место каде се говори за делегатите. При скратувањето, тој го спомнал само едниот, најглавниот делегат, тогашниот патријарх, но заради брзина во пишувањето направил грешка во името. Па така, патријархот Јован го нарекол Давид. Е сега, бидејќи бил доследен во препишувањето, таа грешка ја повторил и на второто место во својата хроника каде по вторпат  го споменува името на тогашниот бугарски патријарх, па истиот повторно го именувал како Давид.[26]

   Главно, вакви се аргументите на Прокиќ со кој тој објаснува дека после патријархот Филип, на тронот дошол Јован, а помеѓу нив немало патријарх со име Давид. Ние ваквото објаснување го сметаме во најмала рака претерано. Да се тврди дека Скилица од брзина во пишувањето го погрешил името на патријархот е веќе проблематично, но да се усвои теза дека  истата таа грешка подоцна при опишување на нов настан ја повторил, сметаме дека е претерано.

   Најверојатна нам ни изгледа варијантата дека Давид постанал патријарх во 1016 г. и на тоа место бил поставен од царот Јован Владислав веднаш по неговото доаѓање на престолот. Негов претходник бил патријархот Филип кој патријархувал во Охрид од 990 – 1016 г. После Давид првоерарх на охридската катедра станал Јован, за кого имаме потврда од изворите дека бил поставен од автократорот Василиј II во 1018 г. Можеби заради краткото време на патријархување, помалку од две години, можеби затоа што името му било извалкано со настаните околу погубувањето на Св. Јован Владимир, тој не се споменува во Дјуканжиевиот каталог на охридските архиепископи. Следствено на сето погоре речено, сметаме дека Давид бил патријархот што столувал во Охрид, а што учествувал во подлата измама која завршила со убиство на Св. Јован Владимир.

   Многу е тешко да се оцени дали Давид тоа го правел свесно, или пак и самиот бил измамен од царот Јован Владислав и несвесно учествувал во заверата. Ако се читаат изворите, ќе се  забележи дека тие или се воздржани и не сакаат да фрлат никаква вина на патријархот Давид, или пак опишувајќи го односот што Св. Јован Владимир го имал кон нив во миговите пред погубувањето, како да сакаат во одредена мера да го оправдаат. Попот Дукљанин на местото што погоре го цитиравме ги опишува моментите пред смртта на Св. Јован Владимир. Од таму дознаваме за прашањата што со огромна веројатност би можел да им ги постави Св. Јован Владимир пред смртта на двата епископа и калуѓерот што биле присутни и во часот пред погубувањето. Тој ги прашувал: „Што се случува моја господо? Што направивте? Зошто ме измамивте? Зошто верувајќи на вашите зборови и заклетви, умирам без вина? А тие од срам не се осудувале ниту да го погледаат в очи. Тогаш кралот, откако се помолил, се исповедал и го примил телото и крвта Господова, а држејќи го во рацете оној крст што го добил од царот, рече: Молете се за мене, господо моја, а дека умирам без вина, нека овој чесен крст, заедно со вас ми биде сведок на судниот ден. Потоа го целива крстот, се прости со епископите во мир и додека сите плачеа, излезе од црквата, а тогаш пред црковните порти го нападнаа витезите. Главата му беше отсечена на 22 мај. Навистина, епископите го зедоа неговото тело и го погребаа во истата црква со химни и пофалби.”[27]

   Другите извори премолчуваат, но попот Дукљанин како да сака нагласи дека самиот Јован Владимир сфатил дека епископите и калуѓерот што го измамиле всушност и самите биле измамени. Од зборовите изречени од Св. Јован Владимир се гледа дека тој им проштева на оние што го измамиле и не само тоа, туку тој од нивната рака зема и последна причест. Ги бара да му бидат сведоци на судот Божји дека умира без вина. Доколку сметал дека епископите од кои едниот сигурно бил охридскиот патријарх свесно учествувале во заверата, сигурно дека немало да ги бара да му бидат сведоци на судниот ден, туку во таков случај тие и самите би биле под суд. Уште помалку би се причестил од рацете на епископ кој го измамил да биде погубен.

   Од друга страна пак, фактот што култот на Св. Јован Владимир се јавува во Охрид и на територијата под јурисдикција на Охридската Архиепископија говори колкава грижа на совеста имале нашите претходници за учеството на охридскиот патријарх во измамата која го одвела во смрт Св. Јован Владимир. Дури и самиот да бил измамен од царот, патријархот Давид не би можел лесно да си прости себе си што дури и несвесно учествувал во маченичката смрт на еден побожен и невин крал. Затоа е сосема можно, многу кратко по смртта токму во Охрид да била напишана и првата служба на Св. Јован Владимир за која денес само се претпоставува дека постоела.

Дури и да било несвесно и ненамерно учеството на охридскиот патријарх Давид во измамата на Св. Јован Владимир која него го одвела во смрт, а уште повеќе ако тоа учество било свесно и намерно, го задолжува сегашниот архиепископ охридски да побара прошка во името на неговите претходници. Прошка не од Св. Јован Владимир, за кој имаме историски податоци дека веќе простил, туку прошка од црковната полнота која не е неможно да се соблазнила од ваквото предавство. Затоа браќа простете вие, но да простат и сите наредни генерации.

 

   3. Заради сродноста на изворите што погоре ги наведовме, прилика е да го разгледаме еклисиолошкиот проблем околу селењето на бугарскиот патријарх од Дристра, па се до неговото конечно населување во Охрид. Ниту оние што ја подржуваат тезата дека по укинувањето на Дрстарската патријаршиска столица таа се преселила во Охрид, ниту пак оние што сметаат дека Охридската Патријаршија во Самуилово време не континуитет на бугарската патријаршија, туку дека е потполно различна од неа, даваат само историски аргументи за нивните тврдења, но никој не се обидува да даде еклисиолошко толкување на нивните теории, па дури ниту толкување од канонскот право, освен со многу ретки исклучоци, а  без кои толкувања не може правилно да се постави ниту една теза што е врзана за Црквата.

   Неспорно е од историската фактологија дека дрстарскиот ариепископ се селел од Дрстар во Триадица (Средец), Воден[28], Меглен, Преспа и на крај завршил во Охрид.[29] Неспорно е исто така дека на првиот архиепископ Јован, Василиј II му дал јурисдикција над истата онаа територија на која била распространета Бугарската Архиепископија во времето на царот Петар.[30] Со други зборови, според хрисовулите на царот Василиј II нема никаков сомнеж дека тој ја третирал Охридската Архиепископија како континуитет на Бугарската архиепископија во Дристра. Но, бидејќи таа Бугарска Црква, Охридската Архиепископија за време на владеењето на царот Самуил достигнала толкава територијална распространетост каква што немала ниту за време на својот најголем обем под царевите Петар и Симеон, царот Василиј II територијално не ја намалил, туку ја оставил во границите во кои ја затекнал.

   Сепак, постојат различни мислења дали Охридската Архиепископија се поистоветува со Бугарската патријаршија во Дристра. Gelzer[31], Снегаров[32] и Конидарис [33] сметаат дека Охридската Архиепископија е продолжеток на Бугарската Патријаршија во Дристра, додека Петковиќ смета дека Патријаршијата во Охрид била во потполност различна од Патријаршијата во Дристра[34]. Титулата на охридските архиепископи била „на цела Бугарија”, па врз таа основа Снегаров заклучува дека Охридската Архиепископија е континуитет  на Бугарската Црква во Првото Бугарско царство.[35]

Острогорски исто така смета дека Самуил ја воспоставил бугарската патријаршија што ја укинал Цимиски. Тој и покрај тоа што вели дека Самуиловото царство  било идеолошки поврзано со старото бугарско царство, па затоа и самиот Самуил, а и византиските хронолози го нарекле бугарско, завршува во една контраверзност, дека сепак, царството на Самуил и според составот и според карактерот било ново царство. [36] Изворите што ги имаме ни даваат многу малку податоци за Црквата во времето на Самуил, така што е многу тешко со сигурност да извлечеме издржан заклучок.

Постои мислење дека Охридската Архиепископија во ниту еден случај не би можела да се поистовети со бугарската архиепископија во Дристра, зашто се работи за целосно нова и различна црковна структура.[37] Всушност Василиј II основал една потполно нова Црква која не може да се поврзува со дрстарската архиепископија, но претерано е да се рече дека новооснованата Охридска Архиепископја немала никаква врска со Охридската Патријаршија од времето на Самуил. Гардашевиќ смета дека Василиј II не сакал да остави ниту трага, символ или институција што би упатувало на величината на неговиот најголем противник, царот Самуил.[38] Дека Охридската Архиепископија не се поистоветувала со Дрстарската Архиепископија се гледа и од фактот што по создавањето на Второто бугарско царство 1185/1185 г. се создала Трновската Архиепископија која била потполно независна од Охридската Црква.[39] Постојат секако мислења дека Трновската Архиепископија била создадена затоа што „бугарската” Охридска Архиепископија се наоѓала под управа на Грците.[40] Многу слично мислење на ова има и Снегаров.[41]

   Прокиќ не ја прифаќа ниту теоријата дека Охридската Архиепископија е континуитет на Бугарската Патријаршија, ниту пак дека Охридската Архиепископија е континуитет на Прва Јустинијана. И покрај ваквиот став, тој сепак смета дека Дрстарската Патријаршијата била лишена само од својата столица во Дристра, но таа уште егзистирала настанувајќи се во други градови кои сè уште не биле заземени од визнатиската војска.[42]

   Ваквите недоследности речиси кај сите проучувачи на укинатата Бугарска Патријаршија и Охридската Архиепископија се јавуваат заради не третирање на еклисиолошкиот и канонскиот фактор. Овде треба да се постави едно принципиелно прашања кое ниту еден од проучувачите не го поставува, а тоа е следново: дали селењето на бугарскиот патријарх од едно место во друго може од еклисиолошки и канонски аспект да се смета како селење на патријаршиската столица?

Прокиќ изнесува претпоставка дека автократорот Јован Цимискиј кога во 971 г. ја освојува Дристра од Русите, а кои претходно во 969 г. ја завзеле од Бугарите, не го нашол таму бугарскиот патријарх кој според негови претпоставки бил веќе избеган во Средец. Затоа патријаршијата ја деградирал во обична епископија, а патријархот Дамјан го свргнал (податок што го црпиме го Гелцеровиот каталог). Зошто царот би го свргнувал бугарскиот патријарх за кој не е познато дека имал било каква вина, а кој бил поставен за патријарх само неколку години претходно и тоа со повелба на неговиот претходник, царот Роман I Лакапин?[43] Не постои ниту еден историски извор кој ни ја објаснува причина да биде свргнат патријархот Дамјан.

Можен одговор треба да се бара во еклисиологијата на Црквата и нејзиното канонско право. Согласно на нив, некоја епископската катедра, заради потребата на Црквата се воздигнува во повисок (архиепископски или патријаршиски) ранг за да извршува одредена организациона улога во животот на некоја помесна Црква. Воздигнувањето на некоја катедра може да се основа и на некои историски претпоставки, но најчесто тоа се прави од практични причини, првата катедра да биде координатор во административниот живот на помесната Црква. Според тоа, воошто не е чудно зошто Јован Цимискиј го свргнал бугарскиот патрјарх Дамјан. Ако патријархот избегал од Дристра и ако Јован Цимискиј не го затекнал таму кога тој ја освоил Дристра, логично е дека самиот патријарх се откажал од неговото патријаршиско достоинство и на тој начин самиот се свргнал, а царот само тоа го констатирал. Ако тој бил во Дристра во времето на нејзиното завземање, ќе имавме сведоштво дека бил и протеран. Што значи претпоставката на Прокиќ, дека дрстарскиот патријарх ја напуштил својата катедра и побегнал уште во времето на освојувањето на Дрстар од Русите во 969 г. е многу веројатна.[44]

   Но, било која претпоставка да се усвои, било онаа дека дрстарскиот патријарх сам побегнал пред наездата на Русите, или пак онаа дека тој бил протеран од Роман Лакапин се поставува прашањето дали при неговата преселба ја преселил и патријаршиската столица, а ако веќе тоа го направил, дали имал право на тоа? И второ, зошто Василиј II по освојувањето на Самуиловото царство не ја утврдил Дристра како архиепископско седиште, каде што тоа било до укинувањето на Првото Бугарско царство од страна на Јован Цимиски во 971 г., туку столицата на архиепископијата ја оставил во Охрид?

Јасно е дека Василиј II не само што не ја воздигнал Дристра во седиште на бугарските архиепископи, туку потполно спротивно дури ја унижил истата да биде само епископија во Охридска Архиепископија. Ова е сосема доволен податок за да заклучи дека со тоа сакал да покаже дека тој во Охрид основал една потполно нова архиепископија на која ѝ го потчинил како епископија дури и старото седиште на Црквата на Бугарската држава.[45] Таа нова архиепископија не била потчинета на ниту една патријаршија, туку исто како и Синајската Архиепископија, била потчинета само на автократорот.

Од изворите јасно е дека Охридската Патријаршија се појавила во Западното бугарско царство, формирано од Самуил (976-1014).  Исто така, јасно е дека бугарскиот доростолски патријарх преселувајќи се, стигнал до Охрид. Но, сето ова не дава доволна еклисиолошка поткрепа за да се смета дека Охридската Патријаршија, а подоцна Архиепископија е континуитет на Бугарската Патријаршија со седиште во Доростол. Погоре видовме дека многу сериозни проучувачи на споменатиот период, како што се Gelzer, Златарски, Снегаров, Острогорски сметаат дека  со преселбата на доростолскиот патријарх се преселувала и патријаршиската столица и стигнала до Охрид. Но, за оној што ја познава еклисиологијата на Православната Црква, јасно е дека не е можно со просто преселување на некој епископ, па нека е тоа и патријарх, тој да ги стекнува правата на јурисдикција над народот во тие места, без притоа истиот да добива постојана потврда од Синодот на Црквата дека му дава јурисдикција над паствата во областа каде се преселил, а истовремено да му ја отповикува јурисдикцијата на епископот кој до доаѓањето на патријархот ја имал јурисдикцијата над таа територија. Следствено, неможно е поради селењето на патријархот во услови на нужда, да се селела и патријаршиската катедра. Дури и во случај заедно со него да се селела администрацијата на патријаршијата, ни тоа не е доволен доказ за да се рече дека се селела самата патријаршија.

Архиепископијата или патријаршијата е таму каде што е првата катедра на Црквата. Таа навистина може да биде во секое место каде што ќе одлучи Црквата, иако најпрепорачливо е да биде во административниот центар на областа, но воопшто не е исто дали ќе биде во Доростол или во Охрид. Тоа се две различни помесни Цркви, составени од различни луѓе, различно свештенство и освен тоа што се географски оддалечени, далечни се и по културата и обичаите. Едноставно речено, иако Црквата е една, Доростол и Охрид се две различни помесни Цркви. Дури и да нема сомнеж дека доростолскиот патријарх селејќи се од место во место дошол до Охрид, тоа не е никаков доказ дека со него ја пренел во Охрид Бугарската Патријаршија. Охридската Црква не е иста со доростолската. Секако дека тоа не ја исклучува можноста Доростол еден ден да го загуби црковниот примат, како што и се случило, а Охрид пак да го добие. Но, од црковен или еклисиолошки аспект, тоа не е иста помесна Црква - иако и двете Цркви се Една, Света, Соборна и Апостолска Црква.

Можеби некому ќе му се чини дека претходно напишаното има пропагандна тенденција да ја омаловажи врската меѓу Бугарската Патријаршија и Охридската Архиепископија. Овде воопшто немаме цел да докажуваме дека Охридската Архиепископија не била и Бугарска Црква. Историски е недвосмислено дека многу охридски архиепископи се титулирале како архиепископи и на цела Бугарија. Исто така историски е непобитно дека бугарскиот патријарх преселувајќи се од Доростол, преку Средец, Меглен и Воден, стигнал до Преспа. Овој еклисиолошки осврт има сосем друга намера. Со него се дава само еклисиолошко толкување на историскиот факт на преселбата на доростолскиот патријарх. Според православното црковно учење за структурата на Црквата, неможно е да се прифати теоријата дека со селењето на доростолскиот патријарх се преселила и доростолската патријаршија во Охрид. Во спротивно, ако на историскиот настан на преселбата на доростолскиот патријарх му се даде потврда од црковен карактер, тогаш православната еклисиологија по ништо нема да се разликува од римокатоличката. Според римокатоличката еклисиологија, папата е над другите епископи, па ако тој едно време се преселил во Авињон и логично е да не можел повеќе да биде римски епископ, сепак останал надреден над другите епископи само заради тоа што е папа по функција, а не претстоител според рангот на местото во кое епископстува. По наше убедување, тоа е крајно неприфатливо од аспект на православното толкување на Црквата, според кое полнотата на Црквата е и во нејзината помесна соборност (католичност), а не исклучиво во нејзината вселенска соборност.[46]

Така, не занемарувајќи го фактот дека бугарските патријарси биле признати со титула патријарх во Самуиловата држава, како и тоа дека во времето на неговото владеење патријаршиската катедра била пренесена од Преспа во Охрид, не треба да се испушта дека тие патријарси, по нивното заминување од Доростол, никогаш веќе не биле признавани со титула патријарх, ниту од Константинополската Патријаршија, ниту од византискиот автократор.

 

Заклучок:

Предмет на ова проучување беше дилемата кој бил архиепископ, односно патријарх охридски во 1016г. кога е погубен Св. Јован Владимир. Ги прикажавме главно сите познати извори кои даваат податоци за расветлување на таа дилема. Во продолжеток прикажавме анализи од различни проучувачи, и споредувавме меѓусебно, и дојдовме до заклучок дека името на охридскиот патријарх кој учествувал во измамата на Св. Јован Владимир е Давид. Иако неговото име воопшто не постои во каталогот на охридските архиепископи, речиси сите познати историски факти водат до неговото име.

Во продолжение разгледавме каква еклисиолошка димензија може да му се даде преселувањето на бугарскиот патријарх од Дристра во Охрид. Се обидовме недвосмислените историските факти кои укажуваат на селење на дрстарскиот патријарх, да ги осветлиме со еклисиолошки аспект и да дадеме одговор, дали Охридската Архиепископија е континуитет на дрстарската Бугарска Патријаршија. Покажавме дека според православното црковно учење за структурата на Црквата, неможно е да се прифати теоријата дека со селењето на доростолскиот патријарх се преселила и доростолската патријаршија во Охрид. Охридската Архиепископија е една од ретките помесни Цркви, веројатно уште само Синајската Архиепископија која е востановена со повелба на автократор, без согласност од некоја патријаршија.

 

Резиме:

Овој труд обработува две сродни теми, но првично и генерално се занимава со барање одговор на прашањето кој бил архиепископ охридски во времето кога е погубен свети Јован Владимир. Постојат јасни траги дека во измамата на свети Јован Владимир да дојде во Преспа, за таму да биде погубен, учестувал и тогашниот охридски архиепископ, па затоа не е неважно името на архиепископот што учествувал во тоа. Во изворите што можат да послужат за разјаснување на ова прашање нема воедначен одговор, па затоа е потребно оваа дилема да се разрешува споредбено. Ползувајќи ја познатата литература која веќе се занимавала со ова прашање, ама која до наше време не дала единствен одговор во однос на името на тогашниот охридски архиепископ, се обидуваме со научна доследност да дојдеме до одговорот.

   Во продолжение, како втора тема, но по сѐ сродна на првата го разгледуваме еклисиолошкиот проблем на преселувањето на бугарскиот патријарх од Дристра во Охрид. Историски неспорно е дека тоа преселување се случило, но дали тоа може да се оправда од еклисиолошки аспект. Дали може еден патријарх да сели во различити места, а при тоа секогаш да има истата служба, иако не му ја потврдил ниту еден Синод, иако дошол меѓу словесно стадо што дотогаш не му припаѓало?

   Клучни зборови: Охридска Архиепископија, патријарх Давид, архиепископ Јован, Јован Владимир

 

   Summary:

   This paper deals with two related topics, but initially and generally dealing with the request in response to the question of who was Archbishop of Ohrid at the time when St. John Vladimir was executed. There are clear traces that St. John Vladimir came in Prespa being tricked for the purpose  to be executed there and that the Ohrid Archbishop participated in the plot, so the name of that archbishop is therefore not irrelevant. It is necessary to solve this dilemma comparatively, for there is no uniform response in the sources which may serve to clarify this matter. Using the well-known literature that has dealt with this issue, and yet failing to discover a single answer regarding the name of the then Archbishop of Ohrid, here we try to reach scientificlly consistent answer until nowadays.

   In addition, as a second subject being related to the first one, we consider the ecclesiological problem of resettlement of the Bulgarian Patriarch of Dristra in Ohrid. It is historically undisputed that the resettlement we are treating now happened, but we marvel whether it could be justified from an ecclesiological aspect.  Could  a Patriarch move to different places and yet hold the same position, although it was not confirmed by any Synod, in spite he came to a sensible herd that had not belong to him never before?

   Keywords: Ohrid Archbishopric patriarch David, Archbishop John, John Vladimir

 

Резюме:

Данная работа посвящена двум смежным темам, но изначально и в целом занимается поиском ответа на вопрос: кто был архиепископом охридским в то время, когда погиб святой Иоанн Владимир. Существуют явные следы того, что в обмане святого Иоанна Владимира приехать в Преспу, чтобы там быть погубленным, участвовал и тогдашний архиепископ охридский, и поэтому неважно имя архиепископа участвующего в этом. В источниках которые могли бы послужить прояснению этого вопроса нет однозначного ответа, и поэтому нужно эту дилемму решить сравнением. Пользуясь известной литературой, которая уже занимается этим вопросом, но которая до нынешнего времени не дала единственного ответа по отношению к именем тогдашнего охридского архиепископа, пытаемся с научной консистенцией дойти до ответа.

В продолжении, как вторую тему, но во всем сродную первой, рассматриваем экклезиологическую проблему переезда болгарского патриарха из Дристры в Охрид. Исторчески неоспоримо, что этот переезд случился, но можно ли это оправдать с экклезиологического аспекта. Может ли один патриарх переезжать в различные места, а при этом всегда иметь то же служение, не смотря на то, что его не потверждал ни один Синод, не смотря на то, что он приезжает между словесным стадом, не принадлежащим ему до этого?

Ключевые слова: Охридская Архиепископия, патриарх Давид, архиепископ Иоанн, Иоанн Владимир

 

 

 

 

 

Библиографија:

  1. Gelzer, Heinrich, Der Patriarchat von Achrida, Geschichte und Urkunden (AKSGW, philol.-histor. Kl 20/05) Lipzig 1903. = H. Gelzer, Der Patriarchat von Achrida
  2. Prokić, B., Die Zusätze in der Handschrift des Johannes Skylitzes codex Vindobonensis hist. grace. LXXIV. Ein Beitrag zur Geschichte des sogenannten westbulgarischen Reiches, München 1906 (доктор. дисерт.) = B. Prokić, Die Zusätze
  3. Прокић, Божидар, Први охридски архиепископ Јован, Глас српске краљевске академије, LXXXVII (други разред 52), Београд 1911, 267-303. = Б. Прокић, Први охридски архиепископ
  4. Прокић, Божидар, Постанак Охридског Патријархата, Глас српске краљевске академије, XC (други разред 53, Београд 1912, 175-267. = Б. Прокић, Постанак Охридског Патријархата
  5. Ивановъ, Йор., Български старини изъ Македония, София 1970, (фототип. издание: под редакцијата на Б. Ангелов и Д. Ангелов) = Йор. Ивановъ, Български старини
  6. Снегаров, Иван, История на Охридската Архиепископия, том 1, София 19952. = Ив., Снегаров, История, т.1
  7. Снегаров, Иван, Първата Българска Патриарпия (919-1018), Годишник на Софийския университет. Богословски факултет, т. 26, 1948-1949. София 1949, 1-31.
  8. Снегаров, Иван, Положението на Охридската архиепископия от възстановяването на Второто българско царство до 1334 г., Минало 2/7-8 (1912), с.с. 273-324, и 3/9 (1914), 38-57. = Ив. Снегаров, Положението
  9. Κονιδάρης, Γ., Περί τὸ ζήτημα τῆς γενέσεως τῆς Άρχιεπισκοής Αχριδών καὶ τῶν Notitiarum No 3 παρὰ Parthey, во неговото дело: Συμβολαί εἰς τὴν ἐκκλησιαστικήν ἱστορίαν τῆς Ἀχρίδος, ἐν Ἀθήναις 1967, 9-23. = Γ. Κονιδάρης, Περί τὸ ζήτημα τῆς γενέσεως
  10. Острогорски, Георги, Историја на Византија, Скопје 1992. = Г. Острогорски, Историја на Византија
  11. Петковић, М.Р., Постанак Охридске патријаршије, Богословље 9/1 (1934), 24-25.
  12. Βασίλειος Β΄, Σιγίλλια 1-3 (во врска со Охридската Архиепископија): H. Gelzer, Ungedruckte und wenig bekannte Bistümerverzeichnisse der orientalischen Kirche. II, Byzantinische Zeitschrift II (1893) München 1893, с.с. 42-46. = Йор. Ивановъ, Български старини, 550-562.
  13. Гардашевић, Б., Каноничност стицања аутокефалности Српске цркве 1219. године, у споменици: Свети Сава. Споменица поводом осамстогодишњице рођења 1175-1975, Београд 1977, 33-77. = Б. Гардашевић, Каноничност стицања аутокефалности
  14. Бакалов, Георги, Охридската архиепископия в политическите взаимоотношения на балканските държави през ХІІІ век, Во: Общото и специфичното в балканските култури до края на ХІХ век. Сборник в чест на 70-годишнината на проф. Василка Тъпкова-Заимова, Спфия 1999, 165-171. = Г. Бакалов, Охридската Архиепископия
  15. Голубинский, Е. Евгений, Краткий очерк истории православних церквей: Болгарской, Сербской и Румынской или Молдовлашкой, Москва 1871.  = Е. Голубинский, Краткий очерк истории
  16. Љетопис попа Дукљанина. Увод. Превод и коментар др Славко Мијушковић, Титоград 1967, 232-242. = Љетопис попа Дукљанина
  17. Lingenthal, von Zachariae., Beiträge zur Geschichte der Bulgarischen Kirche, [Mémories de l’Académie Impériale des Sciences de St.-Petersburg, VIIe série, tome 8, No. 3], St. Petersburg 1864 = Z. Lingenthal, Beiträge
  18. Златарски, Н.В., Кой е биль български архиепископь в Охрид при покорението на България оть Василия II ?, Християнска мисъль кн. VIII (1909), 464-472. = Н.В. Златарски, Кой е биль български архиепископь

 

 

 

 

Објавено во: Зборник радова са Међународног научног скупа „СВЕТИ ЈОВАН ВЛАДИМИР КРОЗ ВЈЕКОВЕ – ИСТОРИЈА И ПРЕДАЊЕ 1016-2016“



[1] Сите три изданија направени се според еден ракопис Cod. Paris. Gr. 880 fol. 407v sqq.

[2] B. Prokić, Die Zusätze in der Handschrift des Johannes Skylitzes codex Vindobonensis hist. grace. LXXIV. Ein Beitrag zur Geschichte des sogenannten westbulgarischen Reiches, München 1906 (доктор. дисерт.)

[3] H. Gelzer, Der Patriarchat von Achrida, с. 6.

[4] «ἐπεὶ δὲ ὁ Γαβριὴλ  παρὰ τοῡ Ἰωάννου ἀπώλετο, καὶ οὗτος παρασπονδηθεὶς καὶ τοῖς ὅρκοις πιστεύσας παρὰ Ἰωάννου δοθεῖσιν αὐτῷ διὰ Δαβὶδ τοῦ ἀρχιεπισκόπου Βουλγαρίας ἑαυτὸν ἐνεχείρισε καὶ μετὰ μικρὸν ἀπεσφάγη.» Ioannis Skylitzae, Synopsis Historiarum, ed. Princeps, recensuit Ivannes Thurn, Berlin-New York 1973, 38, 67-70; с. 354. Исто кај Кедрин: PG 122, 196. Преводот е наш, а го консултиравме преводот: Византијски извори за историју народа Југославије, том III, Београд 1966, 117-118.

[5] «ἄρτι δὲ τῇ Στρουμβίτζῃ προσήγγισεν ὁ βασιλεύς, καὶ ἧκεν ὁ ἀρχιεπίσκοπος Βουλγαρίας Δαβὶδ μετὰ γραμμάτων Μαρίας τῆς Ἰωάννου γυναικὸς ὑπισχνουμένης ἐκστῆναι Βουλγαρίας, εἰ τεύξεται τῶν κατὰ σκοπόν.» Ioannis Skylitzae, Synopsis Historiarum, recensuit Ivannes Thurn, Berlin-New York 1973, 41, 74-79; с. 357 Исто кај Кедрин: PG 122, 200. Преводот е наш, а го консултиравме преводот: Византијски извори за историју народа Југославије, том III, Београд 1966, 124-125.

[6] „Ἐντεῦθεν οὗν καὶ τὸν εὐλαβέστατον μοναχὸν Ἰωάννην ἀρχιεπίσκοπον Βουλγαρίας ἐκυρώσαμεν”, Йор. Ивановъ, Български старини, 550.

[7] „ἐν τῇ Ἀχριδα τὸν νῦν εὕρομεν ἀρχιεπίσκοον”, Йор. Ивановъ, Български старини, 557.

[8] Б. Прокић, Први охридски архиепископ, 289-290.

[9] Превод Славка Мијушковића, Љетопис попа Дукљанина, 238. Оригинални текст на латинсом гласи овако: „Tunc accersitis duobus episcopis et uno heremita, mentiendo illis maligne fidem suam, debit illis crucem ligneam misitque eos ad regem. Qui venientes salutaverunt regem et fidem atque crucem dederunt.”

[10] Љетопис попа Дукљанина, 239-240.

[11] Службата за прв пат е објавена на грчки јазик во Венеција 1690 г. на трошок на Јован Папа од Неокастро (Елбасан). Службата е напишана од Козма, Митрополитот Китијски на Кипар, кој одредено време му помагал, или можеби го заменувал охридскиот архиепископ Герман кој бил болен. Истата е преиздадена во Мосхополе 1742 г. во време на Охридскиот Архиепископ Јоасаф, а потоа преиздадена уште двапати пати, во 1774 и 1858, повторно во Венеција. На црковнословенски јазик за прв пат е преведена во 1802 г. и издадена во Венеција на трошок на Хаџи Теодор Мекша, трговец од Трст.

[12] Ἀκολουθία τοῦ ἁγίου ἐνδόξου βασιλέως καὶ μεγαλομάρτυρος Ἰωάννου τοῦ Βλαδίμηρου καὶ θαυματουργού, ἐν Βενετία 1858, 24. [ἁγιώτατος βλαστὸς (ὁ Ιωάννης Βλαδίμηρος)… ἔλαμπε μὲ ἀρεταῖς καὶ χάριτες, νηστείαις, ἀγρυπνίαις, … καλῶς τε καὶ θεαρέστως ἀπὸ τὸν ἁγιώτατον τότε Ἀχριδῶν Ἀρχιεπίσκοπον παιδαγωγηθείς τὸν σοφὠτατον καὶ ἐν ἁγίοις Νικόλαος τὸν θαυμαστόν.]

[13] Йор. Ивановъ, Български старини изъ Македония, 641.

[14] Ив. Снегаров, История, т.1, 27-28.

[15] исто, стр. 28.

[16] Μιχαήλ Δεαβόλεως, Προσθήκες στον Ιω. Σκυλίτζη, изд. B., Prokić, Die Zusätze 35. Пишува Михаил Деволски во § 58, καὶ Ἰωάννου δὲ τοῦ Βουλγαρίας ἀρχιεπισκόπου κοιμηθέντος.

[17] B. Prokić, Die Zusätze, 32-33.

[18] „ὁ δὲ βασιλεὑς ἐκύρωσε καὶ αὖτις τὴν ἐπισκοπὴν Βουλγαρίας αὐτοκέφαον καθὰ καὶ πάλαι ἐπὶ τοῦ γέροντος Ρωμανοῦ, πληροφοηθεὶς ἀπὸ τῶν διατάταεων Ἰουστινιανοῦ τοῦ βασιλέως αὐτὴν εἰναι την  πρώτην Ἰουστινιανὴν, ἢν ἐκείνος πατρίδα ἐαυτοῦ φησὶν ἔχουσαν τηνικαύτα ἐπίσκοπον Καστελλίωνα.” исто, стр. 35.

[19] Н. В. Златарски, Кой е биль български архиепископь, 469.

[20] исто, стр. 472.

[21] Z. Lingenthal, Beiträge, 10.

[22] Е.,Голубинский, Краткий очерк истории, 40 и 257.

[23] „Ἐντεῦθεν οὗν καὶ τὸν εὐλαβέστατον μοναχὸν Ἰωάννην ἀρχιεπίσκοπον Βουλγαρίας ἐκυρώσαμεν”, Йор. Ивановъ, Български старини, 550.

[24] Ив. Снегаров, История, т.1, 31.

[25] Б. Прокић, Први охридски архиепископ 276-285.

[26] Б. Прокић, Први охридски архиепископ 283-284.

[27] Љетопис попа Дукљанина, 239-240.

[28] За тоа дали патрхијархот се преселил во Воден или во Видин има различни мислења. Види: H. Gelzer, Der Patriarchat von Achrida, 3; Ст. Новаковић., Охридска Архиепископија у почетку XI века, Глас српске краљевске академије LXXVI, 55; како и: Б. Прокић, Постанак Охридског Патријархата, 207-213.

[29] „Ἐπὶ Πέτρου γὰρ βασιλεύσαντος ἐν Βουλγαρίᾳ αὕτη μὲν τῷ τῆς άρχιεπισκοῆς ἀξιώματι ἐλαμπρύνετο, μετὰ δὲ τοῦτο ἀπὸ τόπου εἰς τόπον μεταβαινόντων τῶν ἀρχιεισκόπων, τοῦ μὲν εἰς Τριάδιτζαν, τοῦ δὲ ἐν τοῖς Βοδηνοῖς καὶ ἐν τοῖς Μογαίνοις, εἶθ΄οὕτω (οὕτως Ивановъ) ἐν τῇ Ἀχρίδῃ (Ἀχρίδᾳ Ивановъ) τὸν νῦν  εὕρομεν ἀρχιεπίσκοπον, καὶ αὐτὴν μὲν τὴν Ἀχρίδα ἀρχιεπίκοπον ἔχειν, ἐπίσκοπον δὲ εἰς τὴν Δρίστραν χειροτονῆσαι.” Βασιλείου Β΄, Σιγίλλιο 2, (стр. 44, Gelzer = стр. 557 Ивановъ)

[30] „... καὶ τὸν νῦν ἁγιώτατον ἀρχιεπίσκοπον Βουλγαρίας τοσαύτην τὴν ἐνοριαν ἔχειν θεσπίζομεν, οἵαν καὶ πόσην εἷχε ἐπὶ Πέτρου τοῦ βασιλέως…” Βασιλείου Β΄, Σιγίλλιο 2, (стр. 44, Gelzer = стр. 556 Ивановъ)

[31] H. Gelzer, Der Patriarchat von Achrida, 3.

[32] Ив. Снегаров, История, т.1, 8-14.

[33] Γ. Κονιδάρης, Περί τὸ ζήτημα τῆς γενέσεως, 17-18.

[34] М.Р. Петковић, Постанак Охридске патријаршије, Богословље 9/1 (1934), 18-25.

[35] Ив. Снегаров, Първата Българска Патриарпия (919-1018), Годишник на Софийския университет. Богословски факултет, т. 26 (1948-1949). София 1949, 27.

[36] Г. Острогорски, Историја на Византија, 361.

[37] Б. Прокић, Постанак Охридског Патријархата, 178-183.

[38] Б. Гардашевић, Каноничност стицања аутокефалности, с.с. 51-52. Спротивно на него, Бакалов ја поистоветува Црквата во времето на Самуил со Охридската Архиепископија темелејќи го своето тврдење на претпоставка дека архиепископот Димитар Хоматијан своето право да го круниса Тодор Дука го засновал на правото на охридскиот архиепископ да го круниса царот Самуил, Гаврил Радомир и Јован Владимир. Види: Г., Бакалов, Охридската Архиепископия, 169.

[39] Погрешно е мислењето на Пајсиј Хиландарец изразено во неговата Славјанобугарската историја во врска со поканата на Јован Асен I до архиепископот Тофилакт Охридски да биде поставен за патријах во Трново. Види: Райков, Б., Паисиевият ръкопис на "История славяноболгарская" 1762, София 1989, 76-77.

[40] Е. Голубинский, Краткий очерк истории, 78.

[41] Ив. Снегаров, Положението, 274-275.

[42] Б. Прокић, Постанак Охридског Патријархата, 212-213.

[43] Во оваа статија немаме цел да е впуштаме во разработка на теориите кога точно бугарската Црква добива автокефалија и ранг на патријаршија, а за што потојат различни гледишта, туку ја усвојуваме теоријата дека тоа е во времето на царот Роман I Ланкапин.

[44] Б. Прокић, Постанак Охридског Патријархата, 227.

[45] П. Георгив смета дека од 971 г. па сѐ до 1020 г. источните делови на Бугарија беа под јурисдикција на еден Бугарски архиепископ кој имал седиште во Дристра со име Георгиј, а тоа го основа на три документи потпечатени со оловен печат кои се датираат на крајот на 10-ти и почетокот на 11-ти век. Види: P.P. Georgiev, Au sujet de l\'interpretation des sceaux de plomb de l’archevêque Georges de Bulgarie, Études balkaniques. Academie Bulgare des Sciences. Institut d’Études balkaniques 3 (1980), Sofija,  120-129.

[46] Според православната еклисиологија, постојат два критериуми за католичност, односно соборност на Црквата. Едниот критериум е врзан со локалната евхаристиска заедница со структура: Епикоп, свештеник, ѓакон и народ Божји - со права вера и апостолско преемство е потполна, католичка (соборна) Црква. Вториот критериум на соброноста се мери преку единството на распространетите локални Цркви во вселената, а се манифестира низ прифаќањето (примањето), или уште би го нарекле меѓусебното признавање на тие локални Цркви. Во римокатоличката Црква сѐ уште доминантно место има критериумот за вселенска соборност, односно критериумот за универзална Црква. Од тој критериум, но и за тој критериум, институционализирано е папстовото.

Познати се некои обиди на одредени патријарси од Источната Црква, кои универзалниот критериум на соборноста на Црквата го наметнуваат над критериумот за соборност на секоја локална Црква, со цел да се институционализира патријаршијата како правен механизам за гарантирање на единството на Црквата. Веруваме дека од таква погрешна еклисиологија се водени толкувањата кои се трудат да објаснат дека без оглед на тоа што бугарскиот патријарх се селел од епископија во епископија, ги задржувал своите патријаршиски права. Тоа е спротивно на еклисиолошкиот критериум за соборност (католичност) на секоја локална евхаристиска заедница. Никој нема право, без негова согласност или без суд, да го отповика епископот на една локална Црква и да му ја одземе јурисдикцијата во неговата епископија. Секако, на тоа нема право ниту патријархот, па затоа јасно е зошто селењето на бугарскиот патријарх не може да се толкува како селење на патријаршијата, или како селење на претстојателот на таа помесна Црква.

Интервју на Архиепископот охридски Јован за „Вечерње Новости“ (24.04.2017)

$
0
0

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован даде интервју за белградскиот дневен весник „Вечерње Новости“ (24 Април 2017 год.). Разговорот со Архиепископот охридски г.г. Јован го водеше новинарот Младен Станчиќ. Во продолжение го објавуваме интегралниот текст на интервјуто, коешто Архиепископот охридски г.г. Јован го даде за споменатиот дневен весник.

Младен Станчић, Скопље, 11. април 2017.
Питања за Архиепископа ПОА Јована за Вечерње новости

1. Ваше Блаженство, и ове године највећи хришћански празник Васкрсење Христово дочекујете у веома специфичним условима на трону канонскe Цркве у Македонији, али и даље без регистрације деловања од стране државне администрације у Скопљу. Власти су регистровале више од 25 верских организација и религиозних група али не и ПОА. да ли ће бити обновљен захтев за регистрацију ПОА?

Православната Охридска Архиепископија поднесе барање за регистрација пред државните органи во Р. Македонија уште во во 2004 година. Според тогашниот закон за цркви и верски заедници, надлежна за регистрација беше Комисијата за односи со верските заедници во Р. Македонија. Таа комисија ја одби регистрацијата на Православната Охридска Архиепископија со крајно бесмислени образложенија. Во 2009 година се промени законот за верските заедници во Р. Македонија и според тој закон, надлежен за регистрација на верските заедници стана судот Скопје 2, во Скопје. Ние уште истата таа година поднесовме барање за регистрација пред судот, но бевме одбиени со цинични образложенија. Откако беа исцрпени сите правни лекови испративме тужба против Р. Македонија до Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Бидејќи претходно имавме испратено до тој суд тужба кон Р. Македонија за првото одбивање на регистрација, од судот добивме известување дека тие две тужби се споени во една, а на која за жал до денешен ден немаме добиено пресуда. Р. Македонија од причина да не ја регистрира Православната Охридска Архиепископија не регистрираше ниту една друга нова верска заедница и тоа неколку години последователно. Но заради огромните критики што ги трпеше на меѓународен план, последниве години судот има регистрирано неколку протестантски верски заедници, па дури и мормони, иако верниците од таа вероисповест во Р. Македонија се бројат на прстите од една рака. Очигледно дека е проблем само Православната Охридска Архиепископија која е единствена призната православна Црква во Р. Македонија и истата е во  канонско единство со Српската Православна Црква, а преку неа со сите православни Цркви во светот.

2. Одужени црквени раскол у Македонији, објективно годинама озбиљно оптерећује релативно добре односе званичног Београда са Скопљем, упркос секуларности двеју суседних држава? у Македонији ПОА у саставу са СПЦ, у 21. веку и даље делује у катакомбним условима, у параклисима по кућама и становима, за државну администрацију у Скопљу – нелегално, незаконито.До када?

Не би можел со сигурност да ви одговорам до кога, но едно е сигурно дека сите членови на Православната Охридска Архиепископија, од епископите, преку свештениците и ѓаконите, до монасите и сите верници се покажаа богољубиви, трпеливи и издржливи. И со тоа ја заслужија благонаклоноста од сите православни Цркви. Власта мислеше дека ќе удри на пастирот и словесното стадо ќе се распрсне, но постигна спротивен ефект. Колку поголеми беа тортурите и притисоците, толку побројни, но и позрели стануваа верниците. Сега е повеќе од сигурно дека тој репсресивен државен проект се покажа неуспешен, прашање е само дали некој политичар во оваа политичка мизерија во која живеат граѓаните на Р. Македонија ќе се одважи и ќе им се извини на верниците на Православната Охридска Архиепископија за владините репресии применувани врз мирољубиви граѓана и тоа во 21 век. Вистина е дека расколот ги оптеретува односите меѓу Скопје и Белград, но за тоа вина има само една политичка врхушка и тоа онаа во Скопје.

3. Има ли наде за наставак прекинутих разговора за исцељење вишедеценијог црквеног раскола у Македонији?

Пред неколку денови заврши повторениот судски процес кој се водеше против мене, двајца епископи, двајца свештеници, четири монахињи и 10 верници од Православната Охридска Архиепископија, меѓу кои мојата мајка и мојата сестра. За овој предмет веќе бев во затвор, а другите обвинети беа осудени условно во времетраење од 5 години. Кратко време по моето ослободување од затвор, Врховниот суд на Р. Македонија ги поништи пресудите на првостепениот и второстепениот суд од Скопје и процесот го врати на повторно судење со јасни упатства дека во случајот за кој бевме осудени нема кривично дело. Повторениот судски процес, не по вина на членовите на Православната Охридска Архиепископија , траеше многу долго, дури две години, иако можеше да се заврши во само еден ден бидејќи немаше прилагања на нови докази. Пред неколку денови, на крајот од месец март судот донесе нова пресуда во која јас сум осуден со затворска казна на толку време колку што поминав во затвор, условно се осудени уште двајца лаици, а сите други обвинети во претходната постапка беа ослободени. Тоа што другите се ослободени за мене секако е неизмерно задоволство, зашто дури и само со тоа се покажа дека процесот бил политички, но правно гледано колку што причини постоеја тие да бидат ослободени, барем исто толку постоеја да бидат ослободени и останатите. Секако дека ваквата пресуда има некоја заднина и тоа не ни дава безрезервно да се отвориме за обновени разговори со Македонската Православна Црква која сè уште е во раскол. Од друга страна ние не сакаме да бидеме пречка за почетокот на тие разговори, но секако дека треба да бидеме претпазливи, зашто досега се постапувало многу лукаво и валкано, особено од страна на државните власти во Р. Македонија. Конечната одлука за евентуалното продолжување на разговорите сепак ќе ја донесе Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква на годинешново мајско заседание.

4. Македонија је верификовала Европску повељу о људским правима где је 9. чланом предвиђено загарантовано право на слободу вероисповести. Зашто то право не важи само за чланове ПОА, чак и по иновираној законској регулативи у Македонији?

Затоа што до скоро Православната Охридска Архиепископија беше третирана како државен непријател на Р. Македонија. Не знам дали последниве настани врзани со политичката криза нешто променија во тој поглед, но сигурно е дека долго време наназад владината политика на Р. Македонија беше донкихотовска, бараше и измислуваше непријатели таму каде што ги нема.

5. Од тог 22. јуна 2002. када је блаженопивши патријарх српски Павле примио у литургијско и канонско јединство са СПЦ и преко ње са свим осталим правиославним црквама велешку и повардарску епархију коју сте тада предводили, практично не престаје прогон судских власти против вас као поглавара али и чланова ПОА. Који су „услови“ да би то коначно престало? Могу ли да помогну остале православне Цркве, рецимо Васељенска Патријаршија или Руска Православна Црква?

Некој забележал, а тоа изминатава година многу често се среќаваше во јавноста, дека последнава 15 години, немало ден кога, или не сум бил во затвор, или не е воден судски процес против мене. Тоа секако е тешко издржливо, ако човек ја нема благодатта Божја и ако не е убеден дека жртвата што ја прави носи добро за Црквата. Што се однесува до помошта од другите православни Цркви, неа ја имало и до сега и верувам дека ќе ја има и понатаму. Црквата е една, а единството највпечатливо се покажува токму кога страда некој член на Црквата. Не е тајна дека речиси во сите наврати колку што бев во затвор, бев предвремено ослободуван. Тоа секако се случуваше заради залагањето на другите православни Цркви, но и на европските и американски владини и невладини организации. Навистина е апсурдно во 21 век некого да гониш судски и да го осудуваш на затворска казна, само заради неговите верски убедувања. Иако властите во Р. Македонија се обидуваа моите судски процеси и затварања да ги прикажат како кривични, секој кој ги следи црковните настани, па дури и оној кој помалку ги следи, знае дека немав никаква кривична вина, туку дека единствена моја „вина” беше воспоставувањето на единството со Српската Православна Црква. Што се однесува до помошта од другите православни Цркви, таа секогаш е добредојдена. Не е непознато и дека моето последно предвремено излегување од затвор беше по залагање на Московската Патријаршија. Но во случајов многу се стеснети можностите за помош од другите православни Цркви. Прво затоа што Српската Православна Црква нема никаква можност еднострано да признава автокефалија на било која Црква, па така и на Македонската Православна Црква, а второ, затоа што условите за признавање на некоја Црква како автономна веќе се јасно утврдени на Светиот и Голем Собор што се одржа на Крит минатата година. Мислам дека најмногу може да си помогне Македонската Православна Црква сама на себе, конечно да созрее и да стане свесна во кои граници може да се случи нејзиното признавање. А тоа признавање ѝ е повеќе од неопходно, не само заради самата Црква, туку и заради државата во која се наоѓа таа Црква. Во секој случај, и покрај големата болка што ни ја нанесоа, како непризнатата Црква во Р. Македонија, така и власите во Р. Македонија, ние со ништо нема да го попречуваме нивното стапување во единство, доволно е само тоа да биде канонско.

4. Утамничењима нарушеног здравља, 2015. били сте на лечењу и опоравку у Васкрсењском манастиру Софија Силина код Петрограда у Русији, откако сте другог фебруара изашли на слободу из затвора Идризово код Скопља. Сурова искушења Вашег вишегодишњег робијања православни верници и шира јавност препознају као печат учвршћења у сведочењу вере. Може ли се истина одбранити независно на „боју“ власти?

Долговековното искуство на Црквата ни покажало дека вистината се брани со одбрани и вистинити зборови, со вистинување во љубовта, со отвореност за дијалог и ширина за проштевање. Но, во одредени случаи, кога вистината не се напаѓа само вербално, туку се прави обид физички да се истребат носителите на вистината, тогаш вистината се брани само со спремност за сведочење, или како поинаку се нарекува мачеништво. За голема среќа самата вистина која е Воскреснатиот Христос како Црква, не може да биде уништена од ниту една власт. Тоа досега ни го покажала историјата. Но, ова за жал не го разбираат „сите бои” на власти. Некои сакаат одново да се обидат и секако не успеваат. Црквата не ја брани поединецот, без разлика на неговата духовна, интелектуална и физичка надареност. Црквата ја брани тој што имаше сила да воскресне од мртвите. Затоа мислам дека ништо што се однесува на вистината и Црквата не зависи од „бојата” на властите. Зависи само од тоа колку се вохристовени оние што ја сведочат вистинат на Црквата. Ова веќе не е далечна историја, ова се покажа неодамна во прогонот што властите на Р. Македонија го спроведоа кон припадниците на Православната Охридска Архиепископија.

Напомена: Због олакшања и евентуално временске „уштеде“ одговори на питања могу бити и на македонском језику. Без неког значајнијег ограничења, али не и превише опширни и дугачки, како би укупан садржај могао бити приређен за објављивање на једној страни листа Вечерње новости, са једном или две фотографије.

Унапред захвалан
Младен Станчић

Извор: Вечерње Новости

Viewing all 979 articles
Browse latest View live




Latest Images

Pangarap Quotes

Pangarap Quotes

Vimeo 10.7.0 by Vimeo.com, Inc.

Vimeo 10.7.0 by Vimeo.com, Inc.

HANGAD

HANGAD

MAKAKAALAM

MAKAKAALAM

Doodle Jump 3.11.30 by Lima Sky LLC

Doodle Jump 3.11.30 by Lima Sky LLC