Quantcast
Channel: Православна Охридска Архиепископија
Viewing all 979 articles
Browse latest View live

Во неделата по просветление Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

22.01.2017

Во неделата по просветление, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


Во 32-та недела по Педесетница Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

29.01.2017

Во 32-та недела по Педесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Архиепископот Јован во неделата на митарот и фарисејот служеше во параклисот „Св. Нектариј Егински“ во Скопје

$
0
0

05.02.2017

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован во неделата на митарот и фарисејот служеше божествена Литургија во параклисот „Св. Нектариј Егински“, во Скопје.

По прочитаното Евангелие тој на верниот народ му се обрати со вдахновена беседа.

По завршувањето на Литургијата беше приредено послужување, а верните ја искористија можноста да поразговараат со својот архипастир и од него да чујат слово на поука.

Во неделата на Блудниот син, кога се совпадна и празникот на Светите три ерарси, Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

12.02.2017

Во недела на Блудниот син, кога се совпадна и празникот на Светите три ерарси, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст се чуваат делови од светите мошти на светите три ерарси.

Во месопусната недела Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

19.02.2017

Во месопустната недела, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Во сирната недела Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

26.02.2017

Во сирната недела која е недела на проштевање, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Првата Претходноосветена Литургија во светата четириесетница Архиепископот Јован ја служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

01.03.2017

Првата Претходноосветена Литургија во светата четириесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован ја служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

1100 години од упокоението на свети Климент Охридски

$
0
0

03.03.2017

Минатата 2016 година, на 1 и 2 Октомври, во Православната Охридска Архиепископија со света Архиерејска Литургија, на која началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, во сослужение на Архиереји од повеќе помесни Цркви, а во продолжение и со пригодна програма, беше прославен јубилејот 1100 години од упокоението на светиот Климент Охридскиот Чудотворец.

Во оваа прилика, на посетителите на официјалната интернет презентација на Православната Охридска Архиепископија им предлагаме да погледнат видео материјал со избрани делови, од споменатата прослава.

Посетителите наскоро ќе можат да видат и останати видеа од прославата на јубилејот, како на пример, беседата на Архиепископот г.г. Јован за светиот Климент Охридски и други содржини.


Во неделата на Православието Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

05.03.2017

Во неделата на Православието, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

На крајот од Литургијата во присуство на свештенослужителите кои ги држеа светите мошти и народот кој држеше во рацете икони на Господ Исус Христос, на Мајката Божја или на некој светител од Црквата Божја, Архиепископот Јован го прочита Синодиконот кој се чита во неделата на Православието

Соопштение по повод невистините за свети Николај Охридски и Жички

$
0
0

09.03.2016

Во дневниот весник „Слободен Печат“, од 6-ти Март 2017 год., отпечатен е текстот на г. Кире Наумов, со наслов „Клерикализација за крај“. Без да се мешаме во политичките ставови на г. Кире Наумов, кои се негово неотуѓиво право, се осврнуваме само на грубите невистини, коишто се напишани во гореспоменатиот текст, а се однесуваат на светиот Николај Охридски и Жички.

Имено, во редовите на г. Кире Наумов, читаме: „Николај Велимировиќ... бил отворен клерофашист, обожавател на Хитлер и антисемитист, кој верувале или не СПЦ го прогласи за светец.“

Господинот Кире Наумов не наведува извор од којшто ги црпи посочените ставови, но бидејќи не сметаме дека станува збор за злонамерност од негова страна, туку повеќе за неинформираност, во продолжение ќе појасниме за што точно станува збор.

Кога светиот Николај бил Епископ во Битола, во 1926 год., по негова иницијатива се направени гробишта за телесните остатоци на германските војници од Првата светска војна. Овој благороден гест сведочи за неговата хуманост и за високата цивилизациска свест да се закопаат сите оние што ги изгубиле животите во војната, без разлика на која страна се бореле (слично како што Црвениот Крст им помага на војниците од различните завојувани страни). Таквиот гест бездруго придонесува за воспоставување на мирот и довербата. За жал, можеме да констатираме дека кај денешните македонски власти отсуствува ова елементарно цивилизациско ниво, отсуствува основната човечка доблест, што се гледа во одбивањето да бидат уредени гробиштата на бугарските војници на Кајмакчалан, кои всушност биле Македонци.

Заради посочениот гест, Епископот Николај, после десет години, во 1936 год., е одликуван со орден од тогашната германска власт, на чие чело бил Хитлер. Но, да не заборавиме дека во тоа време Хитлер бил водач и канцелар на Германија, и, меѓу другото, од таа позиција непречено се среќавал со многу видни личности. Неговата тогашна популарност била толкава, што во 1938 год., бил прогласен за личност на годината на угледното американско списание „Тајм“, и во архивите на списанието сè уште се наоѓа насловната корица со ликот на Адолф Хитлер. Се разбира дека никој денес не ги прогласува за „клерофашисти, обожаватели на Хитлер и антисемитисти“, ниту списанието „Тајм“, ниту сите оние политичари и јавни личности со коишто Адолф Хитлер во тоа време се среќавал, допишувал или им изразувал благодарност.

Од друга страна, во документарни филмови забележани се бројни сведоштва на Евреи на коишто светиот Николај, во текот на Втората светска војна им го спасил животот, ризикувајќи го својот. Голем дел од војната го поминал во притвор, а непобитниот факт дека недвосмилено јасно бил гласен противник на фашизмот, кристално бистро се согледува во тоа што од страна на фашистите бил затворен во злогласниот концентрационен логор Дахау, близу Минхен, заедно со тогашниот Српски Патријарх Гаврил.

Секој читател сега нека се праша и сам нека си одговори: како е возможно еден „обожавател на Хитлер“ да заврши во злогласен концентрационен логор?

Ставовите на г. Кире Наумов се ставови на титоистичкиот еднопартизам, кој заради големиот углед на светиот Николај Охридски и Жички помеѓу народот и помеѓу тогашната светска интелегенција, во него гледаше свој опасен противник. Оттаму потекнуваат лагите, клеветите и јасните закани дека доколку влезе во СФРЈ ќе биде ликвидиран. Затоа, светиот Николај ќе го заврши својот живот во САД, прогонет од властите во својата татковина.

Ваквата пропаганда за светиот Николај Охридски и Жички денес има своја почва само уште кај малкумина неупатени, кои ползуваат еднострани извори. Учениот доктор на науки, еден од највидните интелектуалци на 20 век, личност со плодна писателска и беседничка дејност, и светител на Православната Црква, Николај Охридски и Жички, кај оние кои со испитување ги примаат податоците, сигурно не е ниту клерофашист, ниту обожавател на Хитлер, ниту антисемитист. Оттука, светиот Николај Охридски и Жички, имајќи предвид што сè му приредува пропагандата, доблесно ќе ги испее следните стихови: „Благослови ги непријателите мои, Господи. И јас ги благословувам, и не ги колнам. Непријателите ме турнаа многу повеќе во Твоите прегратки, отколку пријателите. Пријателите ме врзуваа за земјата, непријателите ме ослободуваа од земјата и ги рушеа сите мои надежи во земјата...“

Делата на светиот Николај Охридски и Жички денес се преведени на македонски, англиски, кинески, руски, бугарски, романски, грчки и на уште многу, многу други јазици. Тој е сеправославно почитуван светител. Оттука, ова соопштение не е насочено против ничии лични ставови, туку има за цел да ја соопшти вистината, наспроти грубите невистини, кои повремено се изнесуваат за светиот Николај Охридски и Жички, како анахронизам од времето на титоистичкиот еднопартизам.

Од Канцеларијата на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска

Демант во врска со извртувањата на вистината што ги прави новинарот Марјан Николовски

$
0
0

10.03.2017

На 08 Март 2017 година, во вечерните часови, новинарот Марјан Николовски, кој е главен и одговорен уредник на порталот Religija.mk, на тој интернет портал објави текст со наслов: „Вранишковски бара СДСМ да ја поништи МПЦ и да го инсталира за легитимна црква во Македонија” (http://religija.mk/vrnishkovski-bara-sdsm-da-ja-ponishti-mpc-i-da-go-instalira-za-legitimna-crkva-vo-makedonija/). Текстот е непотпишан, па затоа за истиот е одговорен главниот уредник.

Тој текст потполно ги извртува фактите, и има за цел да распалува верска омраза кон Претстоителот на Православната Охридска Архиепископија, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован. Имено, на објавениот текст му се става наслов за да изгледа дека Архиепископот Јован Вранишкоски барал од  СДСМ да ја поништи МПЦ. Тоа е целосна невистина и има само една и единствена цел: да предизвика реакција од Македонската Православна Црква, за потоа таа да се вклучи во целосна одбрана на интереси на поединци или на некоја партија. Меѓутоа, текстот во кој Марјан Николовски очигледно дека злонамерно ја извртил вистината, не е објавен ниту од Архиепископот Јован, ниту од Православната Охридска Архиепископија. Како што се гледа и од самите цитати, кои делумно ги пренесува порталот, текстот е преземен од Фејсбук, а зад него стои некоја група: Соборно православие.

Бидејќи содржината на овој текст беше преземена од порталот Religija.mk од страна на многу средства за информирање, и тоа од сите злонамерно, повторно со иста цел каква што имаше и Марјан Николовски, да ја вовлече Македонската Православна Црква во ситни политички пресметки, јавно одбиваме да бидеме учесници во таквите сценарија и демантираме дека Претстоителот или било кој од Светиот Архиерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија некогаш побарал од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија да ја поништи Македонската Православна Црква. Православната Охридска Архиепископија веќе долго време ги трпи обидите да биде поништена и затоа никогаш за никого нема да бара да биде поништен.

Чудно е само едно, како УСАИД му одобрил средства на еден новинар од ковот на Марјан Николовски да прави емисии за верска толеранција кога истиот е докажан во распалувањето во верска нетрпеливост! Ако во тоа нема поголема политика, тогаш УСАИД инвестира проекти на луѓе, кои немаат авторитет тие проекти да ги остварат.

Од Канцеларијата на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска

Во неделата посветена на Св. Григориј Палама Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

12.03.2017

Во неделата посветена на Св. Григориј Палама, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Беседа на Архиепископот Јован на прославата на 1100 од упокојувањето на св. Климент Охридски

$
0
0

17.03.2017

Во состав на пригодната програма по повод 1100 годишнината од блаженото упокојување на светиот Климент Охридски, која се одржа по отслужената повеќеархиерејска Литургија во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Октомври 2016 година, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован одржа вдахновена беседа.

Во продолжение го пренесуваме видео записот од оваа беседа.

На крстопоклона недела Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

19.03.2017

На крстопоклона недела, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Во неделата посветена на Св. Јован Лествичник Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

26.03.2017

Во неделата посветена на Св. Јован Златоуст, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


Повторно осудителна пресуда за Архиепископот Јован и уште двајца

$
0
0

28.03.2017

На 28 Март 2017 год., беше соопштена пресудата за Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, за Епископот брегалнички г. Марко, Епископот стобиски г. Давид, двајца свештеници,  четири монахињи и десет верници на Православната Охридска Архиепископија за кривичното дело „перење на пари“, за кое се судеа веќе по втор пат, зашто Врховниот суд на Р. Македонија ја врати првата осудителна пресуда на повторно одлучување во првостепениот суд. 

Да потсетиме дека по првата осудителна пресуда за ова кривично дело, која за Архиепископот Јован беше три годишна затворска казна, тој веќе помина во затвор 7 месеци, а предвремено беше ослободен по залагање на Патријархот московски и на цела Русија г.г. Кирил.

За 28 Март, беше закажано изрекување на пресудата, но судијата Ивица Стефановски истата не ја изрекол на начин на кој се изрекува пресуда, читајќи го диспозитивот од пресудата, туку како да е на пазар, на присутните од Православната Охридска Архиепископија, кои беа обвинети во овој процес им кажал како на подигравка, дека за сите обвинети донел ослободителна пресуда, освен за Архиепископот Јован, како и за лицата Исајло Поповски и Васил Трајковски, и, дека конфискувал една нива во скопско Нерези. На Архиепископот Јован му изрекол затворска казна во времетраење толку колку што поминал во затвор, а на Исајло Поповски и Васил Трајковски им изрекол условни затворски казни, но не кажал на колку време. Конфискувана е градежно земјиште во вредност од 140.000 евра.

Никој од Православната Охридска Архиепископија сè уште не ја добил пресудата, но од она што беше како на пазар соопштено во судот, разбирливо е дека судот не ги почитувал препораките на Врховниот суд, кои беа јасни и недвосмислени: „со сигурност да се утврди дали парите за кои обвинетите беа обвинети дека ги переле, потекнуваат од конкретно кривично дело кое претходно го извршил првоосудениот Јован Вранишкоски”. Од сите докази што беа изведени на судската расправа јасно е дека не постојат пари што можеле да бидат предмет на перење, но судијата од друга страна мораше да ја почитува и наредбата од власта на заминување, по секоја цена да го осуди Архиепископот Јован. Бидејќи не можеше да го осуди само него, зашто тој не беше обвинет дека сам ги перел парите, како колатерална штета беа осудени и Исајло Поповски и Васил Трајковски. Добро во сето лошо е што барем другите обвинети се ослободени и на здружението „Анастасија“ ќе му бидат вратени 80.000 евра.

Илустрација, дека судот под претседателство на гореспоменатиот судија е пазар, а не судница, претставува следниов детаљ: Предмет на обвинението во судскиот спор кој започна уште во 2012 год., беше гореспоменатата нива во Нерези во вредност од 140.000 евра, парите на здружението „Анастасија“ во вредност од 80.000 евра и нива во Штип во вредност од 14.900 евра. Уште на првото судење, обвинителот се откажа од нивата во Штип, буквално како на пазар, со образложение дека за тие пари немало докази, иако за тие пари имаше исто толку докази, односно немаше докази колку и за сите други од обвинението. Сега, во повтореното судење, а по изречената пресуда, судот ќе треба да ги врати и 80.000 евра, кои беа конфискувани од сметката на здружението „Анастасија“.

Предмет на ова обвинение беа сите пари од четири годишни буџети, кои Архиепископот Јован, според судот во Велес, ненаменски ги потрошил уште додека бил во МПЦ. Но, за тоа тој беше осуден две години и шест месеци затворска казна, и таа казна тој целосно ја издржа. Прашањето кое го постави и Врховниот суд, а тоа го поставија и сите обвинети за време на првото и второто судење за перење на пари е: како може еднаш потрошени пари повторно да се стават во промет и да се перат?

Од тие причини, никој од обвинетите, а сега ослободени од обвинението, припадници од Православната Охридска Архиепископија не чувствува дека треба да изрази некаква благодарност затоа што добиле ослободителна пресуда. Не само заради многуте малтретирања, кои ги издржаа последниве години во судските гонења, на правда и вистина, не само заради тоа што многумина од нив го изгубија здравјето, туку особено заради тоа што корумпираниот судија, кој е познат и во други процеси кога судел по наредба на властите во заминување, не собра сили да суди праведно. Се надеваме дека новата власт ќе смогне сили да го преразгледа овој случај, кој е школски пример за корупција во судството.

Православната Охридска Архиепископија на чело со нејзиниот претстоител, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован нема да го попречува процесот на преговори за статусот на МПЦ која сè уште не е призната од ниту една православна Црква, а кој до сега не можеше да се оствари токму заради режимските судски гонења на членови на Православната Охридска Архиепископија. Сепак, упорно ќе се бори, заедно со новите власти, кои тоа го најавуваат, против расипаните судии, што стојат на патот на развојот на демократијата во нашата татковина.

Завршен збор

$
0
0

во предметот V.KOK бр. 59/12 против Јован Вранишкоски и други
даден во судот Скопје 1 од Архиепископот охридски и Митрополит скопски
г.г. Јован на ден 08.11.2016 г.

 

Пред да го изнесам овој завршен збор го препрочитав завршниот збор што сум го дал на првото судење за овој процес на 19.06.2013г. Сум напишал релативно многу текстови со различни тематики и содржини, сум одржал многу беседи по различни поводи, но речиси редовно, кога ќе ги препрочитувам или преслушувам после одредено време тие мои творби, наоѓам недостатоци и чинам дека можело тоа и поубаво да изгледа или подобро да звучи. Но, на завршниот збор што сум го дал на 19.06.2013г. за чудо не ми успеа да му најдам ниту една маана. Затоа и останувам во целост на она што сум го кажал тогаш, како што останувам во целост и на завршниот збор што го произнесе мојот адвокат.

За да не помисли некој од горереченото дека немам маани и дека не правам грешки, веднаш да се оградам. Имам многу недостатоци и правам многу грешки, ама одбраната што сум ја дал во завршниот збор на 19.06.2013г. е без маана само затоа што е многу лесно да се браниш кога ниту морално, ниту правно си виновен.

Како и да е, од почетокот на овој судски процес во 2012 г. политичката ситуација во државава во која живееме  многу се промени. Да не говориме колку многу се промени од 2002 г. кога и за првпат започнаа судските процеси против мене. Во велигденското послание оваа година, осврнувајќи се на фактот дека шарената револуција носи и превреднување на вредностите, напишавме: „Во тоа време таквите гонења беа насочени кон „предавниците” како што нас нѐ нарекоа. За жал, или за среќа, во овие четиринаeсет години предавници постанаа многумина. Денес власта ги препознава како предавници и сите учесници во „шарената револуција”. Но, долго време, долги години да бидеме „предавници” беше само наша привилегија, на Вашиот Архиепископ и на сите Вас што припаѓате на Охридската Архиепископија.”

Така, сега е некако полесно. Ние „предавниците” се намноживме, станавме помногубројни, а сè што се дели на поголем број е поподносливо и полесно. Само кога ќе се сетам во текот на првиот судски процес што се водеше за ова исто кривично дело, колку пати му побарав на судот, и на овој судија што сега ме слуша да одобри префрлување од притвор во затвор, зашто бев правосилно осуден за друго кривично дело и требаше да бидам во затвор, но тој ме остави во притвор до изрекување на пресудата. Една година и неколку месеци ги поминав во притвор, а ниту можев, ниту пак сакав да избегам, ниту можев да го повторам делото кое и така не сум го направил, а уште помалку да влијаам на сведоци. Но, наредбата од највисокиот државен врв беше Јован да се опаметува со најстроги казнени мерки уште пред да биде конечно казнет.

Кога пак, ја издржував казната затвор и кога судот одлучи мое предвремено ослободување од затворот, јавниот обвинител се изјасни дека нема да се жали на таквото судско решение. Но, по истекот на законски предвидениот рок за жалба, во неработен ден јавниот обвинител се жалеше на решението. Обвинителот знае кој го изврши тој притисок, но за жал или за среќа тоа го знам и јас. Не сметам дека е важно сега да се соопшти името на личноста што го направи тоа, но сметам дека е важно тој срам или можеби бесрамност на обвинителството да остане запишан.

Не знам дали некој очекуваше дека преку насилството што ми се врши ќе ме преуми, или едноставно бев казнуван пред да ми биде изречена казната само заради немоќ на оној што казнуваше. Можно е и едното и другото, но како и да е, едно е јасно, она зло што човека не може да го убие го прави само посилен. Искрено ме радува она што се покажа последниве месеци, а што е сведоштво дека сè во овој свет еволуира, па дури и судот. Сега, истиот овој судија што мене ме држеше една година и неколку месеци во притвор, иако таму бев пренесен од затвор, и доколку ме ослободеше од притворот немаше да ме пуштат на слобода, туку повторно ќе ме вратеа во затвор, веќе го избришал притворот како превентивна мерка и не дозволи ниту едно барање за притвор на осомничените од Специјалното Јавно Обвинителство да биде усвоено. Ако тортурата која се вршеше врз нас барем малку допринесе за таа еволуција во постапките на судот, од мене нека е простено.

Од Јован и од овие воцрковени луѓе што ги судите покрај мене, а кои кога некој ќе ги удри по десниот образ тие му го вртат и другиот, нормално никој не треба да се плаши, ама не се сите што биле осудени од овој суд воцрковени луѓе. Е некои од нив сега ви излегуваат на улица и ви велат аршинот на судење не ви е баждарен, терезијата на едниот тас ви е постојано спуштена. Од нив веројатно треба да се плашите зашто неправдите кои континуирано им се правеле ги направиле крволочни.

Во рана младост, во годините кога се оформував како личност, уште во раниот пубертет, доживеав нешто што го нареков неправда. Мојот вујко, брат на мајка ми, беше суден и осуден за дело против Тито. Јас присуствував на неговите судења, дури речиси незапазен. Тогаш немав оформени ставови за животот, веројатно не беше сеедно што ќе рече и  околината. Но, тој отпор што вујко ми тогаш го покажа против тоталитаристичкиот режим, беше пример во градењето на мојата личност. Како сега се сеќавам, еден од сведоците сведочеше дека вујко ми Ристо, ја симнал фотографијата на Тито, а на соседниот ѕид, заковал шајка и ја закачил иконата на Исус Христос. На барање на адвокатот на Ристо му беше поставено прашање на друг сведок, вработен во фабриката, да каже какви се ѕидовите во канцеларијата на Ристо, тој одговори дека во неговата канцеларија имало само еден ѕид од тврд материјал, и кога последен пат влегол во канцеларијата таму сè уште висела фотографијата на Тито, а другите три прегради во канцеларијата биле од стакло. Бидејќи јас многу пати сум бил во таа фабрика во која мојот татко беше директор, со сигурност знаев дека таму сите канцеларии, па дури и онаа на директорот имаат само по еден ѕид од тврд материјал, а останатите три се прегради од стакло. Но, на судот не му сметаше да усвои дека Ристо ковал шајка во ѕидот од стакло за да ја закачи иконата Христова. Ете така судеше режимскиот суд во 1981 година, но дали е денес поразлично?

Злосторство е да му го одземеш на човек тоа што му припаѓа и го стекнал на дозволен начин. Да не говорам дека тоа е грев кој го разгневува Бога, зашто на тој начин не само што се прави неправда кон човекот на кој му се одзема нешто што го издвојувал од устата, туку се дава лош пример на целата заедница, дека некој може да живее на грбот и на маката на другите. Но, грозно е кога таквата неправда ја прави судот. Стариот Завет е полн со примери дека Господ нема милост за неправедните судии и дека таквите судии редовно се искушувани од гневот Божји.

Но, не само тоа, многу мои претходници на архиепископскиот трон, меѓу кои и последниот пред укинувањето на Охридската Архиепископија, архиепископот Арсениј, луто проколнале кога се правела јавна и груба неправда. Многу луѓе кои денес ги славиме како светители исто така ги проколнале оние кои се дрзнале да одземаат туѓ имот, меѓу кои познат е примерот на Свети Василиј Острошки. А што ги снашло проколнетите, на сите ни е познато.

Од 2002 година до денес против мене се водеа 9 кривични и 1 прекршочна судска постапка. Нормално, сите пресуди во моја штета. Но, во ниту една од тие судски постапки, иако ми беа правени очевидни неправди, никого не сум проколнал. Едноставно затоа што сите мои неправди беа насочени директно кон мене, иако заедно со мене сострадаа многумина. Немам храброст пред Бога да се пожалам за она што сам го трпам, па дури и да е тоа неправедно. Но, не само што имам смелост, туку имам и слобода да барам од Бога да ги заштити оние на кои им се прави неправда.

Затоа сега без премислување луто ќе проколнам: ако судот во оваа судска постапка го одземе имотот, што им припаѓа и правно и морално на обвинетите, и истиот им го подари на оние на кои не им припаѓа, ниту правно, ниту морално, тогаш Господ да им го одземе најмилото на тие што ќе учествуваат во таква неправда која самата вика за Божјата освета. Ова како што гледате, не го кажувам во гнев или пак со злоба, туку мирно плачам пред Господа за неправдата што им се прави на овие луѓе. Затоа, пред да донесете одлука да им го одземете имотот на овие луѓе, господо судии, поротници, јавни обвинители, допрашајте се со вашите сопружници дали ќе ве поддржат да ви биде одземено најмилото, зашто тоа што можеби вас ви е најмило, најмило им е и ним.

Вина секако постои и кај оној што подигнува неправедно обвинение, но сепак најголемата тежина за направена судска неправда е врз судиите што судат и овде не може да има изговор дека морале да судат неправедно затоа што тоа некој од нив така го барал.

На крај само со неколку зборови ќе се осврнам на предметот на делото за што нè судат, иако за самото дело не треба никаква одбрана, зашто истото е непостоечко и самото себеси, од фактите и содржината на приложените докази се брани.

Јавниот обвинител го започнува завршниот збор даден на 19.06.2013г., со зборовите: „Најголема вистина во текот на судењето беше онаа искажана на главниот претрес одржан на 01.11.2012г. од обвинетата Олимпијада Мижимаковска, за тоа дека обвинетиот Јован Вранишковски со своето штедење за Црквата која ја формирал допринел да се умножи капиталот на Црквата. Обвинетиот Јован Вранишковски животот го посветил на Бога. Овој факт е неспорен за сите нас во судницата. Логично е прашањето, од каде му се на обвиниетиот пари за да допринесе да се умножи капиталот во Црквата, а исто така на какво тоа штедење обвинетата Олимпијада Мижимаковска мисли?”

Недозволиво е јавниот обвинител кој треба да биде заљубен во правдата да врши такво извртување на тезите за да ги приспособи да докажува нешто што воопшто не произлегува од фактите. На судењето на гореспоменатиот датум, Олимпијада Мижимаковска во наредната реченица после цитиранава рекла: „Ако ние имаме еден архипастир кој би направил таков криминал, верувајте дека ниту еден од нас денес немаше да биде со него.”

Во завршниот збор даден на 19.06.2013г., Олимпијада Мижимаковска објаснува што подразбира под штедење. Таа вели: „Ќе ви кажам нешто, дека ако во петок архиепископот Јован јадеше грав, во сабота, куварот Трифун му пржеше од истиот грав ќофтиња за да заштеди и направи нешто за Црквата, односно за МПЦ.”

Со ова нормално немав намера да говорам за мојата штедливост, за која и на обвинителот и судот му е гајле колку за ланскиот снег, туку само да посочам колку обвинението ги извртува фактите и исказите на обвинетите и сведоците.

Ако се прочита целиот вовед во Завршниот збор на обвинителот даден на 19.06.2013г. многу јасно е воочливо дека обвинителот очигледно и самиот не верува дека сумата од 14.804.201,00 ден. претходно сум ја стекнал со извршено кривично дело затајување. Во воведот на тој завршен збор си ги поставува следниве прашања: „Од каде потекнуваат парите со кои обвинетиот Јован Вранишковски купил место во с. Нерези? Од каде на обвинетиот Јован Вранишковски пари да купи деловен простор? Од увидот во доказите кои се однесуваат на неговата материјална состојба несомнено е утврдено дека нема имот на негово име. Писмените докази го потврдија тоа што и самиот тој го кажува – дека нема пари и дека нема имот. Донации од други Цркви нема, а особено не во износ и висина каква што е потребна да се купат недвижностите кои се предмет на ова обвинение.”

Да не читам понатаму, зашто следуваат уште многу: од каде, од каде, од каде?

Но, ќе прочитам каков одговор си дава обвинтелот во спротивност на сите факти и изведени докази, и тоа само затоа што не знае од каде им се парите на луѓето што го стекнале имотот што е предмет на ова обвинение. Вели: „Единствени парични средства за кои што постои сигурен и неспорен доказ дека биле во рацете на обвинетиот Јован Вранишкоски, тоа се парите и движниот имот кои што тој во периодот од 11.06.1998г. до 09.07.2002г. ги затаил од МПЦ. Ги затаил затоа што бил на позиција и во можност истите да ги затаи и дека тоа така било, и дека било, и дека навистина се случило е дека таквото затајување било во висина од 14.804.201,00 ден., во пари и движни предмети, со сигурност е утврдено од правосилната пресуда на велешкиот суд.”

Немам за цел да се потсмевам на ваквите изјави на јавниот обвинител, меѓутоа фактите се потсмеваат. Токму во пресудата на велешкиот суд за која обвинителот вели дека го утврдило затајувањето на 14.804.201,00 ден. од страна на Јован Вранишковски, таксативно се набројува каде се потрошени тие пари. Описот на потрошените пари кои се наведени во пресудата и нивниот збир судот ги прифати како доказ во оваа постапка. Јасно е дека според пресудата потрошени се: 20.078.761.00 ден. што е повеќе од 14.804.201,00 ден. МПЦ барала да ѝ се врати целокупната потрошена сума, односно: 20.083.620,00. Занемарливата разлика од: 4.859,00 ден. колку што се јавува меѓу побарувањето на МПЦ и сумата што произлегува од збирот на потрошените средства наведени во пресудата на велешкиот суд, најверојатно е заради курсна разлика во пресметувањето. Но, она што е јасно од горново е дека пресудата на велешкиот суд не може да се земе како основа за стекнување на средства кои би биле предмет на ново кривично дело: „перење на пари”, едноставно затоа што токму од споменатата пресуда на велешкиот суд произлегува дека сите пари за кои Јован Вранишкоски е осуден за затајување всушност се потрошени пари уште во периодот од: 1998-2002г.

Тоа се потврдува и од исказот на претставникот на МПЦ, протоѓаконот Димитар Белчовски, кој сведочеше на 21.04.2016г. Иако со предумисла да сведочи против нас, Белчовски со сите извртувања што ги прави сепак не можеше да избега, а  да не потврди дека МПЦ само не сакала да прифати состојба некој да им даде, според него непотребни предмети за конкретни пари. Еве всушност што тој вели на наше прашање за одредени средства кои биле наменети за електрификација на манастирот Св. Јован Кристител во с. Ветерско, а јас според пресудата од велешкиот суд К.бр. 136/02 од 11.05.2012г. сум ги потрошил за други цели: „Јас сега зборувам за нашата реакција и таа реакција беше многу слична на поставувачот на прашањето, и рековме од каде докази дека тие пари се токму тие пари, бидејќи не сакавме да прифатиме состојба да некој ни даде непотребни ствари за конкретни пари земени во готово наменски донирани за електрификација.” Јас сум бил уште поконкретен и сум прашал: „Бидејќи ова е утврдено со пресуда, дали му се допаѓале предметите или не, во овој момент не е важно, јас по таа пресуда сум бил веќе во затвор, па прашањето е: дали тие пари биле слободни да јас ги земам да ги перам или се потрошени, како што се вели во пресудата?”, тој одговори: „Мислам дека ова прашање нема потреба мене да ми се поставува, ако се смета дека е меродавно утврдено од судот.” Но, уште поважен е одговорот на Белчовски на наше прашање дали отвориле граѓански спор на што биле упатени од велешкиот суд, затоа што судот им одобрил оштета од само 14.804.211,00 ден, а нивното оштетно побарување било во вредност од: 20.083.620,00 ден.? Тој одговори: не. А, на прашање поставено од мене: зошто?, одговори дека не смета дека е битно да одговори на ова прашање. Јас сум продолжил да прашувам: „Се работи за разлика поголема од 6 милиони ден., што не се мали пари, зошто се откажала МПЦ?”, тој одговори: Не би сакал да одговорам на ова прашање, ќе отвориме нови теми, ако не инсистира судот.” Судот нормално не инсистираше, ама токму во тие „нови теми” е и одговорот, не само за овој кривично правен настан, туку и за сите оние што претходно набројав дека се водеа против мене во последниве 14 години.

Ќе се осврнам само уште на исказот на сведокот Сашо Поповски, кој повеќе од очигледно е дека лажно сведочи, лошо подготвен или подобро неуспешно подготвен од оние што го повикаа како сведок во оваа постапка. Тој на сведочењето што го дал на 02.07.2013г., на прашање дали е спроведена оставинска постапка, одговорил: „за сите изводи на родени на наследниците, јас лично ги вадев и лично ја спроведував оставинската постапка, јас документите ги дадов да се трансформира земјиштето, имам од наследниците  полномошно да ги застапувам нив во Министерството за финансии во град Скопје, да ги спроведам тие решенија во катастар и полномошно без нивно присуство да потпишам договор за купопродажба на тоа земјиште, апсолутно луѓето со тие полномошна потврдуваат дека јас сум сопственик.” На барање на адвокатот Тортевски, судот во доказната постапка да ги прибави овие полномошна кои сведокот тврдеше дека ги има, судот на предлог на јавниот обвинител донесе решение да се одбие ваквото барање. На последното сведочење на 05.10.2016г. сведокот Сашо Поповски, на прашањето поставено од мене: „Дали има решение дека местото му припаѓа нему?”, одговори: „Татко ми ги купил од покојни Албанци и сега тие имаат живи наследници и сите живи наследници сега ми кажуваат  дека ќе ми потпишат во било кое време само да ги повикам, ако обвинетиот Јован ми ја надомести штетата што ми ја направи, јас одма ќе можам да направам пренос на сопственоста од живите сопственици на мое име.” Со тоа призна дека и по три години од неговиот претходен исказ тој нема никаков документ дека местото за кое тврди дека било комшиско со парцелите во с. Нерези што беа предмет на обвинението е негово или на негово име. Она што јас не сум паметен да си одговорам е следново: што му требаше на судот да повикува лажен сведок, кога и без него можеше да нè осуди? Еднаш веќе нè осуди, секако без никакви докази, и затоа предметов е вратен на повторно судење.

За крај да потсетам дека овој суд е должен да постапи по препораките на врховниот суд, а според тој суд, повеќе од јасно е дека во овој случај, кривичното дело „перење на пари” не постои.

Во неделата посветена на Света Марија Египетска Архиепископот Јован служеше во параклисот Св. вмч-чка Екатерина во Скопје

$
0
0

02.04.2017

Во неделата посветена на Света Марија Египетска, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во параклисот св. вмч-чка Екатерина во Скопје.

На празникот Благовештение Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

07.04.2017

На празникот Благовештение, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

На Лазарева сабота Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

08.04.2017

На Лазарева сабота, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Viewing all 979 articles
Browse latest View live




Latest Images

Pangarap Quotes

Pangarap Quotes

Vimeo 10.7.0 by Vimeo.com, Inc.

Vimeo 10.7.0 by Vimeo.com, Inc.

HANGAD

HANGAD

MAKAKAALAM

MAKAKAALAM

Doodle Jump 3.11.30 by Lima Sky LLC

Doodle Jump 3.11.30 by Lima Sky LLC