Quantcast
Channel: Православна Охридска Архиепископија
Viewing all 979 articles
Browse latest View live

Митрополитот на Месогеја и Лавреотики го посети манастирот Успение Богородично кај Прилеп

$
0
0

27.11.2016

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Месогеја и Лавреотики г. Николај, кој престојува во посета на Православната Охридска Архиепископија на покана на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, во 23-тата недела по Педесетница, го посети манастирот Успение Богородично во Прилеп каде што заедно со Архиепископот Јован служеше Божествена Литургија.

На свечената Архиерејска Литургија началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Јован, кој беседеше после прочитаното Евангелие. На крајот на Литургијата, Високопреосвештениот Митрополит Николај му се обрати на народот со вдахновено слово. Тој му се заблагодари на Архиепископот Јован за поканата да ја посети Православната Охридска Архиепископија и истакна дека иако му беше најавувано дека олтарот во манастирот е претесен за да собере повеќе Архијереи на богослужба, на отслужената Литургија не само што во олтарот имаше простор за сите свештенослужители, туку и самиот Господ слезе на тоа место.

Во спомен на посетата, настојателот на манастирот, јеромонахот Мојсеј, на Митрополитот Николај му подари рачно изработена икона на св. Николај Мирликијски, а по Литургијата за сите присутни беше приредена трпеза.


Молитвено испраќање на Епископот јегарски Јероним

$
0
0

30.11.2016

Светоархангелскиот манастир во Ковиљ, на 29-ти Ноември, оваа година, беше место кадешто се собраа Епископи, свештеници, монаси, не само од Српската Православна Црква, туку и од другите помесни Православни Цркви, како и роднини, пријатели, личности коишто го почитуваа Епископот јегарски Јероним, многуброен верен народ од сите краишта на Бачка, кои дојдоа на закопот на новопретставениот Епископ јегарски Јероним.

На Светата заупокоена Литургија началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован во сослужување на Митрополитите еритрејскиот г. Кирил и загребачко-љубљанскиот г. Порфириј и Епископите: будимскиот г. Лукијан, банатскиот г. Никанор, бачкиот г. Иринеј, британско-скандинавскиот г. Доситеј, врањскиот г. Пахомиј, шумадискиот г. Јован, бихачко-петровачкиот г. Атанасиј, далматинскиот г. Фотиј, брегалничкиот г. Марко, крушевачкиот г. Давид, австриско-швајцарскиот г. Андреј, франкфуртскиот и на цела Германија г. Сергеј, тимочкиот г. Иларион, топличкиот г. Арсениј и вомировениот нишки г. Јован. Освен спомнатите, на опелото присуствуваа и Епископите: жичкиот г. Јустин и ваљевскиот г. Милутин.

За љубовта, којашто Епископот Јероним ја покажуваше кон секого, во својата Литургиска беседа говореше Архиепископот Јован, нагласувајќи: „Ние се собравме денес за Владиката Јероним да го испратиме на патот кон Воскресението... Ние со вера ја примаме волјата Божја како најдобра и тоа ни дава надеж“, истакна Архиепископот, којшто ги потсети присутните на трудот и жртвите на Епископот Јероним во придонесот на Црквата Христова, покажувајќи на тој начин како се живее и што значи да се дава благодатта.

На опелото, зборови на охрабрување упати Митрополитот загребачко-љубљански г. Порфириј, којшто нагласи: „Биолошката смрт не е страшна сама по себе, како разделување на душата од телото, туку е страшна поради тоа што ги разделува луѓето кои се љубат, кога луѓето кои се споени со љубовта се разидуваат на некое време, со нетрпение очекувајќи кога повторно ќе се сретнат. А, ти заминуваш од нас во прегратката Божја и ќе те сретнеме дури тогаш кога Господ и нас ќе нè повика.“

Во продолжение говореше и Епископот бачки г. Иринеј, којшто посочи дека на духовните, длабоките и богословски изрази на Архиепископот Јован и Митрополитот Порфириј нема што да се додаде и во продолжение му се заблагодари на Господа, единствениот Човекољубец за сè.

Закопот на телото на Епископот Јероним беше извршен на манастирските гробишта.

Вечен ти спомен, достоен за блаженство и незаборавен Владико Јерониме!

На празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот, Архиепископот Јован служеше во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Лагово – Прилеп

$
0
0

04.12.2016

На празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во манастирот Успение на Пресвета Богородица во с. Лагово – Прилеп.

На големиот вход на Литургијата, Архиепископот го одликува настојателот на манастирот, јеромонахот Мојсеј (Тодоровски) со надграден крст, со право на носење, во и надвор од манастирот.

На крајот од Литургијата, настојателот Мојсеј се заблагодари за доделеното одликување.

Слава на параклисот Света Екатерина во Скопје

$
0
0

07.12.2016

На денот кога параклисот Света Великомаченица Екатерина, во Скопје, го празнува споменот на својата небесна заштитничка, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше Божествена Литургија и проповедаше во овој параклис.

На крајот на утрената богослужба, Архиепископот Јован во чтец го потстрижа г. Василије Атанасиу.

На Литургијата Неговото Блаженство Архиепископот Јован го произведе парохот на параклисот Света Екатерина, презвитерот Симеон Браво, во протопрезвитерски чин, со право да носи надбедреник.

На крајот на Литургијата Архиепископот Јован ги благослови подготвеното коливо и славски колач, а по службата настојателството на параклисот приреди послужување за сите верници.

На денот на споменот на Св. Климент Охридски Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

08.12.2016

На денот на споменот на Св. Климент Охридски чудотворец, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Во 25-тата недела по Педесетница Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

11.12.2016

Во 25-тата недела по Педесетница, во која се совпадна и споменот на светите 15 тивериополски маченици, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Ватопедскиот игумен Ефрем ослободен од сите обвинија – против Архиепископот Јован и Православната Охридска Архиепископија уште се водат монтирани процеси

$
0
0

16.12.2016

На јавноста ѝ е познато дека пред околу четири години, Игуменот на светогорскиот манастир Ватопед, Архимандритот г. Ефрем, и монахот Арсениј, беа обвинети за перење на пари, поради што и ватопедскиот Игумен г. Ефрем извесно време помина во притвор.

Судскиот процес против Архимандритот г. Ефрем и монахот Арсениј се водеше четири години и овие денови заврши во корист на обвинетите, со нивно целосно ослободување од обвинението!

Досега реченово несомнено потврдува дека во напредните демократии на Европската Унија исцело е возможно правдата да биде докажана на суд!

Но, за жал, владеењето на правото сè уште се покажува туѓо и далечно за нашава татковина, кадешто, очигледно, едноставно е невозможно правдата да биде докажана по судски пат!

На пошироката јавност ѝ е познато дека во мигов сè уште трае и закажано е ново судско рочиште против Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, Епископи, свештеници, монаштво и припадници на Православната Охридска Архиепископија, со идентично обвинение: „перење на пари“!

Она што го привлекува вниманието е непобитниот факт дека од Константинополската Патријаршија, од Црквата на Елада, како и од другите помесни Цркви, Претстојатели и Епископи се завземаа за ослободување на ватопедскиот Игумен г. Ефрем, како што повеќепати се завземале и за ослободување на Архиепископот охридски г.г. Јован. Сосема спротивно, пак, на ставовите на Православната Црква, во сите судски процеси против Архиепископот охридски г.г. Јован и припадниците на Православната Охридска Архиепископија, без исклучок, како тужител или како сведок во корист на обвинителството се јавува претставник на МПЦ!

На јавноста веќе ѝ е познато дека Архиепископот охридски г.г. Јован, со правосилна пресуда беше осуден и издржа затворска казна, затоа што „ненаменски“ потрошил средствата на МПЦ во периодот од 1998 г., до 2002 г., иако во пресудите децидно стои дека сè што е купено е останато во неотуѓива сопственост на непризнатата МПЦ. Оттука, целосно е неиздржано обвинението дека тие материјални средства, за коишто постои судска пресуда дека се потрошени, после десет години да бидат перени.

Граѓаните на оваа држава стануваат заложници на корумпираното и подложно на политички влијанија судство. Таквото судство, гледаме дека ја оддалечува нашата земја од демократиите, кон кои само декларативно се стреми. Судот во соседството имаше капацитет да донесе ослободителна пресуда за светогорскиот Игумен! Дали нашиот, веќе пословичен суд, ќе има сила да ги отфрли политичките притисоци и да решава според правда и вистина, ќе покаже времето! Вистината, пак, е очебијна - едноставно не постојат пари, коишто би можеле да бидат перени!

Во 26-тата недела по Педесетница Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

18.12.2016

Во 26-тата недела по Педесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


Празникот на светиот Николај Мирликијски прославен во Штип

$
0
0

19.12.2016

На покана на Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко, на денот кога брегалничката Епископија го прославува својот патрон и заштитник, светиот Николај Мирликијски Чудотворец, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован началствуваше на Светата Архијерејска Литургија во параклисот „Св. Николај Мирликијски“ во Штип.

Нему му сослужуваа Епископот домаќин, брегалничкиот г. Марко, и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, како и свештенослужители од повеќе епархии на Православната Охридска Архиепископија, како и од светоархангелскиот манастир во Ковиљ, близу Нови Сад.

После прочитаното Евангелие на верниот народ со вдахновено слово му се обрати Неговото Блаженство Архиепископот Јован.

На крајот од богослужбата поздравно слово изрече и Епископот г. Марко.

По завршувањето на светата Литургија за присутните верници беше послужена трпеза.

Во неделата на Праотците Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

25.12.2016

Во недела на Праотците, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Во неделата на отците Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

01.01.2017

Во неделата на отците, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Прослава на празникот на светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец во Врање

$
0
0

02.01.2017

На денот кога светата Црква го прославува светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец, на покана на Епископот врањски г. Пахомиј, којшто токму на овој празник ја слави својата слава, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован чиноначалствуваше на светата Литургија во врањскиот соборен храм „Света Троица”.

Нему му сослужуваа, Митрополитот загребачко-љубљански г. Порфириј, и Епископите: банатски г. Никанор, шумадиски г. Јован, брегалнички г. Марко, франкфуртски и на цела Германија г. Сергиј, крушевачки г. Давид и Епископот домаќин, врањскиот г. Пахомиј.

По прочитаното Евангелие со вдахновена беседа на присутниот народ му се обрати Митрополитот загребачко-љубљански г. Порфириј.

На крајот од Литургијата беше благословено коливото и славскиот колач по што Архиепископот охридски г.г. Јован од името на сите присутни му ја честиташе славата на Епископот врањски г. Пахомиј, а тој возврати со благодарствено слово.

После Литургијата за сите гости беше приредена трпеза на љубовта.

Божићна посланица Српске Православне Цркве

$
0
0

Српска Православна Црква својој духовној деци о БОЖИЋУ 2016. године

ИРИНЕЈ

по милости Божјој

 

православни Архиепископ пећки, Митрополит београдско-карловачки и Патријарх српски, са свим Архијерејима Српске Православне Цркве – свештенству, монаштву и свим синовима и кћерима наше свете Цркве: благодат, милост и мир од Бога Оца, и Господа нашега Исуса Христа, и Духа Светога, уз радосни БОЖИЋНИ поздрав:

 

МИР БОЖЈИ – ХРИСТОС СЕ РОДИ!

„Слава на висини Богу

и на земљи мир, међу људима добра воља!”

(Лк. 2, 14)

 

Ево нас и ове године пред празником Божића, пред празником безмерне љубави Божије, јер нам се данас у граду Давидову роди Христос Господ (Лк. 2, 11), Емануил, што ће рећи: с нама Бог (Мт. 1, 23). Ову велику Тајну Оваплоћења Бога Логоса, скривану од постања векова (Јн. 1, 2), најпре су благовестили анђели Божији својом божићном химном мира и љубави (Лк. 2, 14). Потом им се придружују пастири и мудраци са Истока, сабирајући тако небо и земљу око Богомладенца Христа, анђеле, и људе, и све народе земаљске у Цркву Бога живога (2. Кор. 6, 16).

Како нам о догађају Рођења Христовог, које је, по светим Оцима, веће чудо и од самога стварања света, сведоче свети јеванђелисти, очевици и слуге Речи (Лк. 1, 2)? Свети апостол Матеј у своме Јеванђељу пише својим сународницима Јудејима, желећи да им на основу старозаветних пророштава посведочи да Исус Назарећанин јесте Христос или Месија, Помазаник Божији, Спаситељ света (Пс. 138; Ис. 7, 14). Због тога он своје Јеванђеље почиње родословом Господа Исуса Христа (Мт. 1, 1-17), наглашавајући тиме Његову реалну људску природу. Он у свом родослову помиње централне личности Старог Завета, посебно истичући Авраама и цара Давида, јер се за њих везивало највише пророштава о доласку Месије, која су остварена Рођењем Христовим у Витлејему јудејском (Мт. 2, 5–6). Први део Матејевог Јеванђеља нам, дакле, громко каже: Бог је постао реалан човек, ради нас и ради нашег спасења (Мт. 1, 2), а у другом делу свога родослова Матеј говори да Месија јесте Богочовек, да је Његово Рођење натприродно, од Духа Светога и Марије Дјеве (Мт. 1, 20). Узевши на себе реалну људску природу, Христос постаје један од нас (Јн. 1, 14), остајући при томе оно што је од вечности био – Син Божији и Друго Лице Свете Тројице. Ово би, у најкраћем, била благовест јеванђелиста Матеја, благовест о спасењу свих народа вером у Исуса Христа (Гал. 2, 16).

Свети апостол Лука нам у свом Јеванђељу, које је упутио свом ученику благочестивом Теофилу (Лк. 1, 3), а затим и свакој богољубивој души, даје историјски оквир Рођења Христовог. Он апологетским сведочењем разуверава све скептике и неверујуће, који су покушавали Господа Христа да прогласе легендом и непостојећом личношћу, и уверава их да је Христос реална историјска Личност и Месија. Као историчар, Лука наводи да се Рођење Христово догодило у време римског ћесара Августа, који је владао од 27. године пре Христа до 14. године по Христу, а за време првог општег пописа становништва током Киринове управе Сиријом (Лк. 2, 2), што су историјске чињенице које не пориче ни егзактна наука. Допуњујући Матеја, јеванђелист Лука о Рођењу Христовом пише не само Јудејима него и свим народима на земљи (Лк. 2, 29-32). Лука у своме родослову наглашава да Христос јесте Спаситељ, Нови Адам, Глава и духовни родоначелник Новог Израиља, благословеног Царства Оца и Сина и Светога Духа (Лк. 3, 21–23), чиме указује на литургијску димензију овога празника.

Да додамо укратко, као круну и печат, сведочанство светог јеванђелиста Јована Богослова о Рођењу Христовом. Овај љубљени ученик и апостол Христов додаје Матеју и Луки своје Протојеванђеље. У њему он благовести да је Христос предвечни Син Божији, Реч Божја, Логос кроз Кога је све постало (Јн. 1, 1–3) и Који је као светлост дошао у овај свет (Јн. 1, 5) да нам објави Нови и вечни Завет Бога и човека: „Јер се закон даде преко Мојсија, а благодат и истина постаде кроз Исуса Христа” (Јн. 1, 17; Рим. 10, 4).

Драга браћо и сестре, то што су јеванђелисти посведочили, апостоли и свети Оци утврдили, то и ми вама сведочимо данас, на Божић, јер је „Христос исти данас, јуче и довека” (Јевр. 13, 8). Зато вас из пастирске бриге и љубави позивамо да сви заједно узмемо учешћа у божићном празновању, да оставимо свакодневне бриге, да принесемо своје дарове Богомладенцу Христу – духовно злато, тамјан и смирну, а то значи нашу веру, наду и љубав – и да се сусретнемо са Богом и ближњима. Свети Јован Златоуст је Божић назвао кореном свих хришћанских празника јер нам је у Божићу обећано, на неки тајанствени и благодатни начин унапред даровано, и Сретење, и Крштење, и Преображење, али и Крст и Васкрсење Христово. Зато је наш народ говорио: „Без Бога ни преко прага“ и „нема веће славе од Божића”, јер је у Божићу предокушао Тајну Бога и свенародног спасења у Цркви Христовој.

Српски народ је народ Божића, део Народа Божјег или свега рода хришћанскога. Он је и народ Светога Саве, народ светог цара Лазара Косовског и свих осталих мученика и новомученика, који у зла времена пострадаше, као витлејемска деца (Лк. 2, 16), за истину и правду Божију. Њихове жртве се сећамо и молимо их да нас у небеском Витлејему помињу у својим светим молитвама, да бисмо били достојни својих светих предака, како је говорио блаженопочивши патријарх Павле.

Божић нам открива циљ и смисао нашег живота на земљи. Речено светоотачким језиком, Бог постаје човек да бисмо се ми људи обожили, да бисмо постали „богови по благодати” испунивши своје биће пуноћом божанске благодати. То није хришћански максимализам нити антрополошка утопија. То је реалност живота у Христу. То је духовна реалност која је дар Божића. Не дозволимо зато да нас ишта од овога света, света који у злу лежи (1. Јн. 5, 19), одвоји од љубави Божије, откривене у Христу Исусу, Господу нашем (Рим. 8, 35)! Пуноћа ове љубави је у Рођењу Христовом. Зато Божић заиста јесте „дан који створи Господ да се радујемо и веселимо у њему” (Пс. 118, 24).

Божић нам указује и на светињу људског живота. Овај Празник нас позива на обожење, а не на уништење, на служење животу, не само биолошком већ и вечном, а не на робовање смрти. Свети старац Силуан Атонски се трудио да у животу не погази ни црва, ни мрава, ни цвет, ни најмањи стручак траве. Свему је од Бога дарован живот, а посебно људском бићу, које је у Христу икона Бога Живога (2. Кор. 4, 4). Божић нам оснажује и враћа библијски благослов: „Рађајте се и множите и напуните земљу!” (1. Мојс. 1, 22). Дај Боже да овај благослов постане мера живота српског народа и свих народа на земљи, јер би на тај начин пакао братоубиства и чедоморства био замењен рајским миром и пуноћом живота. Нека од овог Божића оживи Србија и нека наше породице испуни радост и дечија игра! Свето Јеванђеље нас управо и подсећа на то да, ако се не обратимо и не постанемо безазлени као деца, нећемо ући у Царство небеско (Мт. 18, 3). Зато је Божић празник и наше деце, празник младости и вечне будућности.

У ове благословене божићне дане молимо се Господу, Цару мира (Јевр. 7, 2), да угаси непријатељства међу народима, да спасе људе Своје широм света и да буде милостив свима нама. Нека овај Божић призове у заједницу све оне који су се на било који начин одвојили од Цркве Бога Живога! Нека нестану јереси и расколи, да би сви људи, са страхом Божијим, вером и љубављу, приступили јединству и животу Једне, Свете, Саборне и Апостолске Цркве! За то јединство се и Сâм Господ молио у Својој првосвештеничкој молитви речима: „Да сви једно буду” (Јн. 17, 21).

Поздрављамо божићним поздравом сву нашу духовну децу у Отаџбини и расејању и позивамо их да живе у међусобној братској љубави, у љубави Божића. Посебно се молимо за распето Косово и Метохију, нашу духовну и националну колевку, коју је велики Његош назвао „грдним судилиштем”. Док је Срба, биће и Косова! Косово је душа Србинова! Зато ће Косово и Метохија бити и остати наша земља, јер су ту наша Голгота и наш Јерусалим. Нека би Бог, Једини Човекољубац, подарио мир и благослов свему народу Свом и, по речима светог Силуана Атонског, даровао да Га сви народи на земљи познају Духом Светим, у чудесној светлости Божића!

 

 

Мир Божји, Христос се роди!

Ваистину се роди!

 

 

Благословена нова 2017. година!

 

 

Дано у Патријаршији српској у Београду, о Божићу 2016.

 

Ваши молитвеници пред колевком Богомладенца, чудесно Рођеног од Духа Светог и Марије Дјеве ради нас и ради нашега спасења:

 

Архиепископ пећки,

Митрополит београдско-карловачки

и Патријарх српски ИРИНЕЈ

 

Митрополит црногорско-приморски АМФИЛОХИЈЕ

Митрополит загребачко-љубљански ПОРФИРИЈЕ

Епископ шабачки ЛАВРЕНТИЈЕ

Епископ сремски ВАСИЛИЈЕ

Епископ бањалучки ЈЕФРЕМ

Епископ будимски ЛУКИЈАН

Епископ банатски НИКАНОР

Епископ новограчаничко-средњезападноамерички ЛОНГИН

Епископ канадски МИТРОФАН

Епископ бачки ИРИНЕЈ

Епископ британско-скандинавски ДОСИТЕJ

Епископ зворничко-тузлански ХРИЗОСТОМ

Епископ осечкопољски и барањски ЛУКИЈАН

Епископ западноевропски ЛУКА

Епископ жички ЈУСТИН

Епископ врањски ПАХОМИЈЕ

Епископ шумадијски ЈОВАН

Епископ браничевски ИГЊАТИЈЕ

Епископ далматински ФОТИЈЕ

Епископ бихаћко-петровачки АТАНАСИЈЕ

Епископ будимљанско-никшићки ЈОАНИКИЈЕ

Епископ захумско-херцеговачки ГРИГОРИЈЕ

Епископ ваљевски МИЛУТИН

Епископ рашко-призренски ТЕОДОСИЈЕ

Епископ западноамерички МАКСИМ

Епископ горњокарловачки ГЕРАСИМ

Епископ источноамерички ИРИНЕЈ

Епископ крушевачки ДАВИД

Епископ славонски ЈОВАН

Епископ аустријско-швајцарски АНДРЕЈ

Епископ франкфуртски и све Немачке СЕРГИЈЕ

Епископ тимочки ИЛАРИОН

Епископ аустралијско-новозеландски СИЛУАН

 

Епископ умировљени зворничко-тузлански ВАСИЛИЈЕ

Епископ умировљени канадски ГЕОРГИЈЕ

Епископ умировљени захумско-херцеговачки АТАНАСИЈЕ

Епископ умировљени средњоевропски КОНСТАНТИН

Епископ умировљени славонски САВА

Епископ умировљени милешевски ФИЛАРЕТ

Епископ бивши нишки ЈОВАН

 

Викарни Епископ моравички АНТОНИЈЕ

Викарни Епископ топлички АРСЕНИЈЕ

Викарни Епископ диоклијски КИРИЛО

 

ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Архиепископ охридски и Митрополит скопски ЈОВАН

Епископ полошко-кумановски ЈОАКИМ

Епископ брегалнички МАРКО

Викарни епископ стобијски ДАВИД

Article 0

$
0
0

Ј О В А Н

по милоста Божја, Архиепископ охридски и Митрополит скопски, до целата полнота на нашата најсвета Архиепископија Охридска


Сними ја пораката

 

 

Благодат, милост и мир, од родениот во Витлеем, Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос

 

 

Браќа сослужители и чеда во родениот како човек Бог и наш Спасител Исус Христос,

 

Денес Синот Божји, предвечно роден од Отца се раѓа како човек од утробата на Пресветата Богородица. Оној кому божествената природа му е причасна од вечност, денес благоволи да се роди во природата на човекот. Со тоа на сите луѓе им ја обнови надежта во спасението и животот вечен.

Гладни сме и жедни ние љубени во Господа за бесмртен живот и за изобилство на Божјите дарови. Но, посрамени и разочарани стоиме пред фактот дека сами не можеме да му додадеме на својот раст ниту еден лакт (Лк. 12,25). Она, пак, што можеме и она што треба да го направиме за нашата иднина е да го примиме и да поверуваме во оној кој денес се раѓа заради нас и нашето спасение.

Љубовта која ја има кон неговата творба во потполност го смири Творецот, и денес тој дојде за да нѐ извлече од состојбата во која нѐ доведе гревот Адамов, но не помалку и нашиот личен грев. Дојде со намера да биде примен и прифатен како Бог кој се раѓа во тело, но во исто време наоружан со смирение никому да не му ја наметнува на сила ниту верата во неговото Божество, ниту спасението кое тој го носи.

Затоа се роди во пештера, а не во царски дом, но пастирите кои го имаа дарот одозгора да го препознаат, го признаа како Спасител. Отидоа и му се поклонија исто како и магионичарите што направија многу долг пат само за да го сретнат оној кој може да ги понесе на себе гревовите на светот.

Така, Господ уште од денот на неговото раѓање во тело го плени целото човештво со своето смирение. Но, со тоа на сите нас ни го покажа најсигурниот пат за спасение. Нема посигурен пат за задобивање на вечниот живот, браќа и сестри за било кој од нас, од патот на смирението.

Треба да се смириме пред Господа и да го признаеме неговото величие, но не само пред него, треба да се смириме и пред неговата творба, како и пред нашите ближни. Зашто само на тој начин се приспособуваме за соживот со другите, само преку смирение можеме да го поднесеме нашиот ближен. Поинаку, без цврста намера да ги поднесуваме другите, тие ќе постанат наш пекол како што велат некои од современите философи. И така без смирение пеколот ќе постане наш животен амбиент уште пред конечниот суд.

Но, Христос дојде меѓу нас раѓајќи се денес како човек за да не биде така. Дојде за да го отвори нашето срце за заедница со него, зашто само таа заедница за нас е спасителна, а истовремено да нѐ отвори и за прегратка со ближниот со кој ја делиме сагашноста, а треба да ја делиме и иднината.

Пораката што ни ја носи денешниов голем ден е едноставна, но длабока. Бог се роди како човек, за ние да постанеме богови по благодат, како ни вели Богословот Григориј. Само како богови ние ќе бидеме достојни за иднината, секако не по природа, како што е тоа Синот Божји што ги има двете природи, и Божја и човечка, туку како богови по дарот на восиновувањето со кој дар Бог Отецот нѐ обдари во Синот Негов кој дојде меѓу нас.

Тоа пак, што првостепениот интерес на христијаните е насочен кон иднината и вечниот живот, не нѐ прави наивни за сегашноста. Знаеме да ги распознаваме не само слепите туку и користољубивите водачи, знаеме да ги откриваме фалсификатите  кои последниве години ни ги нудат како храна за стока, знаеме да ги предвидуваме перспективите на татковината во која живееме во ситуација кога многумина од силните ѝ се спротивставени. Но, највеќе од сѐ знаеме да ги откриеме они кои се подговени да направат жртва за другиот, зашто на таквото расудување нѐ научи Синот Божји кој денес се раѓа како човек за да поднесе жртва за нашиот живот и нашето спасение.

Вие љубени во Богомладенецот, добро знаете низ што сѐ требаше да помине Вашиот Архиепископ последниве години, но заедно со него и многу други од нашата најсвета Архиепископија, Епископи, свештеници, монаси и лаици за да ги зачуваме вредностите што во Нов Завет ни ги остави Богочовекот. Нѐ клеветеа јавно и тајно, лажно нѐ обвинуваа, нѐ омаловажуваа и нѐ судеа во политички наместени процеси. Додека бевме во затвор правеа обиди  какви што ни на ѓаволот не можат да му дојдат на ум, само за да ни ги отежнат затворските денови.  Сега откако веројатно најтешкото веќе помина, пак не можеме да речеме дека победивме, зашто победата секогаш му припаѓа на Бога, но со сигурност можеме да кажеме дека издржавме. Издржавме да бидеме и да останеме слободни кога властите правеа вонредни и нечовечни напори за нѐ поробат. Издржавме во обидот да не нѐ вратат од патот на единството со вселенското православие, издржавме во напорите да не нѐ преумат со сила да се откажеме од најдрагоценото богатство што го имаме, верата дека Бог е еден, дека има едно Тело, дека неговото Тело се вика Црква и дека само тој што е во заедница со Црквата, само тој може да очекува спасение.

Низ својот историски пат, Црквата поминала низ многу премрежија. Тешко е да се каже со сигурност кога ѝ било најтешко. Кога по заповед на римските цареви христијаните биле страотно мачени и убивани, кога беснееле лути и душепогубни ереси, кога нѐ газеле Турците муслимани, или кога атеистите ги затвараа црквите. Пред опасност да говориме пристрасно, зашто и самите сме учесници, мислиме дека гонењата што паднаа на сите Вас последниве години се најтешките. Не затоа што можат да се споредат со гонењата од  првите три века по Христа, не затоа што животот ни бил потежок од оној на нашите предци под турското ропство, туку едноставно само затоа што нашите гонења се најбесмислените во досегашната историја на Црквата. Тоа боли, тоа е тешко, да не кажеме неиздржливо, да знаеме дека во 21-от век по Христа, во векот на најголемите права и слободи што постојат откако е створен светот, некој простак, без ни малку визија за иднината, бездушен и нечовечен, само затоа што е на власт да има право да ни чепка во срцето и да не гони за најсветото, слободата да веруваме во оној кој ни го пленил срцето.

Но, вие добро знаете дека во нашава вселена сѐ има крај. Историјата не запаметила таков владетел кој ја победил Црквата. Навистина многумина со својата безумност направиле големи штети на Црквата, но таа, љубени во Господа е непобедлива. Не затоа што ние христијаните сме многу силни па можеме да ја одбраниме, туку затоа што неа ја брани оној чија невеста е таа, оној кој дојде помеѓу нас испразнувајќи се до таа мера што бивајќи Бог постана и човек, за нас да нѐ обожи.

Кога се одлучивме да го отфрлиме расколот и да стапиме во единство со сите Православни Цркви во светот нѐ нарекоа предавници. Но во тоа време, пред речиси 15 години тоа беше име со кое сакаа да нѐ посрамат, иако ниту тогаш ниту сега никој не кажуваше кого и што сме предале, освен расколот. Денес предавници се наречени барем половината од населението во нашата татковина. Секако не затоа што тие навистина се предавници, исто како што не бевме и ние, но кај нас за жал, од времето кога нас нѐ нарекоа предавници, тој збор ја изгуби смислата. Од тогаш па до денес, кај еден дел од нашиот народ, под поимот предавник се подразбира оној кој на било кој начин има одредени спротивставености со оние што владеат. Но, таквата необмисленост направи непремостива поделба во населението на нашата татковина и тоа се подели на патриоти и предавници. Најголема пречка за помирување на едните со другите се изместените општествени вредности за кои се чини дека не се ниту толку нови, зашто се создавале со децении наназад. Така денес гледајќи ги оние што себе си се нарекуваат „патриоти”, добиваме погрешна претстава за смислата на тој збор, исто како што и гледајќи ги оние што од „патриотите” се наречени „предавници” добиваме извртена претстава за тоа кои се предавници.

Ќе рече човек ситуацијата ни е безизлезна. Но, нашите предци пребродиле многу поголеми безизлези, и премостиле многу поголеми поделби. Во тоа неодминливо помогнала верата во оној кој денес се раѓа како човек од утробата на Пресвета Богородица.

Затоа скапоцени во Богомладенецот, да ги споредиме вредностите што досега сме ги усвоиле во животот со вредностите што ни ги донесе Божјото доаѓање меѓу нас. Да ги споредиме општествените вредности што сме ги прифатиле со вредностите на Заветот што како Нов со нас го воспостави Синот Божји. Она што сме го прифатиле, а не е подобно на тие вредности брзо да го оставиме и да се покаеме, она пак што има корен во вредностите што ги донесе Христос, тоа да го правиме, да го проповедаме и да го чуваме со жртва.

Така ќе ја имаме трајно благодатта на оној кој денес се раѓа за нас и за нашето спасение.

Христос се роди! Нека ви е честита Новата 2017 година.

 

 

Издадено на Божик 2016 г.

во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

Ваш молитвеник пред Бога,
Архиепископ и Митрополит
Охридски и Скопски Јован

Article 4

$
0
0

Честито Рождество Христово

Од Информативната служба на Православната Охридска Архиепископија


Рождеството Христово прославено во Православната Охридска Архиепископија

$
0
0

07.01.2017

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, за празникот на Рождеството Христово богослужеше во Ставропигијалниот Манастир Свети Јован Златоуст во Нижеполе, Битола.

Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким служеше во Куманово.

Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко служеше во Штип.

Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид служеше во Скопје.

Божикни Литургии беа отслужени и во сите други богослужбени места на Православната Охридска Архиепископија.

Епископот Давид го прослави именденот

$
0
0

08.01.2017

Во неделата по Рождеството Христово, т.е. неделата на светите богоотци, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк, цар и псалмопевец Давид, Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, го прослави својот именден.

На светата Архиерејска Литургија началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, во сослужение на Нивните Преосвештенства, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, како и на свештенослужители од Православната Охридска Архиепископија.

После прочитаното Евангелие со вдахновена беседа на верниот народ му се обрати Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

После благословувањето на коливото, со поздравно слово упатено кон Архиепископот г.г. Јован се обрати Епископот г. Давид, кој истовремено им се заблагодари на Блаженејшиот Архиепископ г.г. Јован, на Епископот г. Марко, на чесното свештенство, на игуманијата Кирана со сестринството и на собраниот верен народ на честитките за именденот.

После завршувањето на Литургијата, за присутните беше приредена трпеза, а во изведба на кавали беа исполнувани и изворни народни песни.

На празникот Обрезание Господово и на денот на споменот на Св. Василиј Велики, Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

14.01.2017

На празникот Обрезание Господово и на денот на споменот на Св. Василиј Велики, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

По завршетокот на Литургијата, Неговото Блаженство началствуваше и со Доксологијата за Нова Година.

Во неделата пред Просветление Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

15.01.2017

Во неделата пред Просветление, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

На Богојавление Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола

$
0
0

19.01.2017

На Богојавление, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

По Литургијата, Архиепископот Јован изврши богојавленски водосвет.

Viewing all 979 articles
Browse latest View live




Latest Images

Pangarap Quotes

Pangarap Quotes

Vimeo 10.7.0 by Vimeo.com, Inc.

Vimeo 10.7.0 by Vimeo.com, Inc.

HANGAD

HANGAD

MAKAKAALAM

MAKAKAALAM

Doodle Jump 3.11.30 by Lima Sky LLC

Doodle Jump 3.11.30 by Lima Sky LLC